20 Април, 2024
0.0259

МЗШВ: Распределбата на субвенциите се врши по утврден финансиски план

Објавено во: Агробизнис 31 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Распределбата на субвенциите се врши по утврден финансиски план, по проверка на исполнетост на сите пропишани услови и критериуми, одговараат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, по обвинувањата на дополнителниот заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. 

Објаснуваат дека од 2012 година, при спроведувањето на мерките за директни плаќања Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој започна со користење на податоци од интегрираниот систем за администрација и контрола, при што започна процесот на поедноставување на постапките за поднесување на барањата и намалување на бројот на документите кои земјоделците ги доставуваат во прилог на барањата. 

„Преку воспоставениот интергриран систем за администрација и контрола, започнувајќи од 2016 година за прв пат овозможивме земјоделците своите барања за финансиска подршка да ги поднесуваат електронски, самостојно, со што процесот на аплицирање целосно се поедностави а документите за проверка на исполнетост на условите се обезбедуваат по службена должност. Размената на податоците од регистрите е утврдена во договорите за соработка кои Агенцијата ги има склучено со МЗШВ во 2009 година и со Агенцијата за храна и ветеринарство во 2015 година“ - велат од МЗШВ. 

Софтверскиот модул за екстракција на примерок за контрола на терен и модулот за извршување на контроли на терен како дел од ИСАК софтверот е функционална алатка од 2012 година, при што секоја година се користат повеќе од 10 критериуми за ризик за избор на примерок за контрола, при што Агенцијата само во 2014 година привремено како помошна алатка при анализите користи повеќе софтверски програми како ГИС програми, Мајкрософт офис, вклучувајки и ексел апликација за екстракција на примерокот за контрола, што е алатка за табеларни прегледи и калкулации која се користи низ целиот свет.

„Процентот на исконтролирани баратели во 2014 година е 7,5% од вкупниот број на баратели за финансиска поддршка, што е поголем процент од претходните години и од процентите на исконтролирани баратели во земјите членки на ЕУ. Дека станува збор за успешен примерок за контрола дополнително укажува и поголемата сума на спречени ненаменски средства од претходните години за Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2014 година“ - додаваат од МЗШВ. 

Најодговорно тврдиме дека за секоја одобрена и исплатена финансиска поддршка ги имаме извршено проверките за исполнетост на условите за доделување на истата, се наведува во реакцијата.


Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари