25 Април, 2024
0.0595

МЗТ и Форца за Спортски викенд во Капитол мол

Објавено во: Мои пари 05 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Низ историјата спортот ја има една од најзначајните улоги во општеството. Тој раѓа мир, среќа, задоволство, поттик и желба за надминување на себеси градејќи ги најважните човекови вредности. Водени од принципите на спортот Капитол мол три дена, петок, 05.05.2017, сабота, 06.05.2017 и недела, 07.05.2017, организира Спортски викенд за своите посетители.

Овој викенд организиран од страна на Капитол мол е поддржан од Кошаркарски клуб МЗТ, Спортски центар Форца и Sport Vision. Трите дена ќе бидат исполнети со незаборавни изненадувања, спортски предизвици, мини спортски активности и прекрасна забава за сите посетители, вистинско спортско доживување за семејствата и најмалите. Поттикнувањето на спортскиот начин на живот е клучен за Капитол мол затоа што креира сериозни здравствени придобивки за сите.

Во склоп на спортскиот викенд покрај презентациите од клубовите и спортските центри се предвидени неколку предизвици за посетителите. Со првиот предизвик секој посетител што ќе направи фотографија со познат спортист во центарот и ја објави истата наФејсбукили Инстаграмсо хаштагот #СпортувамевоКапитолМол како јавен пост, ќе ја има ексклузивната можност да добие гратис карта за претстојни натпревари во МЗТ и Форца. За овој предизвик секој ден ќе се избираат по 3 добитници. Вториот предизвик е за најбрзиотпосетител кој за секој од деновите од спортскиот викендќеприложи сметка од Капитол мол во сума од над 2.000 денари. Тоа лицеќедобиебесплатен тренинг за еден месец во Младинска школа МЗТ. Третиот и најзабавен предизвик ќе се одржи со вртење на баскет топка на прст. Оваа игра е за младите и лицето кое најмногу ќе издржи во вртењето на топката ќе добие подарок баскет од Sport Vision.

Капитол мол со организацијата на овој викенд цели кон негување на најголемите човекови и спортски вредности, како истрајноста, упорноста и тимскиот дух.

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan