На Балканот падна првиот снег
Објавено во: Балкан 19 Септември, 2017
Во Словенија денеска падна првиот снег.
Во местата над 1500 метри ќе има врнежи од снег.
Како што пишува словенечкиот портал „Лубник инфо“, паднал снег на Кредарица. На панорамските камери може да се види како снегот и понатаму паѓа интензивно на највисоката планина во Словенија.
Снег има и на други планини како што сте Блегош и Триглав.
Прогнозите се дека и одделни низински делови на Словенија во наредните денови може да ги покрие снег, а на Триглав и на Кредарица може да падне снег и до 20 сантиметри.
Во наредните денови во регионот се очекуваат уште постудени денови со обилни врнежи, а темепратурите постепено ќе паѓаат.