29 Март, 2024
0.0247

На бизнисот му треба директна авио линија Скопје-Атина

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Бизнисмените од Македонија во соработка со нивните грчки партнери побараа да се воведе директна авио линија Скопје-Атина со цел да им се помогне при нивните релации. Покрај ова барања, денес од Сојузот на стопански комори ги посочија и проблемите со кои се соочуваат.

Голем број на мали и средни текстилни претперијатија со грчка сопственост масовно се затвораат во земјава. Засега нема точна бројка колку фирми згаснале. Причината е лошата економска состојба во Грција.

„Тие се компании кои егзистираат и во Грција и сега им се наметнува проблем околу продолжување на егзистенцијата на тие компании во Република Грција и мора да прекинат со производство, бидејќи добар дел од нивното производсто беше во форма на доработка во Република Македонија која пак се враќаше во Грција и отаму одеше кон земјите во ЕУ.“ – изјави Сотир Ампов – претседател на индустриска комора при ССК

Ампов вели дека заради затворање на овие текстилни претпријатија голем дел од работниците останаа без работа. Дел од нив работата ја продолжуваат во германските погони или во новоотворените фабрики од автомобилската индустрија. Од Комората велат дека политиката не влијае врз бизнис релациите на двете земји. Препорачуваат за да се зголеми трговската размена меѓу Македонија и Грција, да се воведе авио линија Скопје – Атина, интензивирање на деловните односи, заеднички настап на трети пазари како и заедничко реализирање на проекти од ЕУ фондовите. Трговската размена меѓу двете земји лани изнесувала околу 600 милиони евра, од кои  150 милиони се извоз на наши производи во Грција, и 450 милиони увоз. Најчесто извезувана стока во Грција се земјоделските производи.


Можеби ќе ве интересира

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

ЗА ЕДНО ЕВРО РУЧЕК И ПРЕВОЗ: Oва е најевтината земја за живеење

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

МИЗО ПОТВРДИ ДЕКА ЗА ОВА РАЗГОВАРАЛЕ СО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ: Македонија треба да се адаптира на глобалниот минимален данок на добивка од 15 oтсто

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

ПЧЕНИЦАТА ПОЕВТИНИ: Цената на златото и нафтата скокнаа

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

БИТИЌИ Е ОПТИМИСТ: Вели дека со влезот во ЕУ просечната плата ќе изнесува 1.300 евра

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат