Добивај вести на Viber
Македонските винарии, Тиквеш, Сковин, Бовин и Камник, денеска и утре во Љубљана ги претставуваат своите вина во Словенија на Фестивалот на вино и гастрономија , на кој годинава се присутни 130 изложувачи од Словенија, Австрија, Италија, Хрватска и Македонија.
На Фестивалот кој се одржува по 15-ти пат и важи за најпосетуван во Словенија, претставниците на четирите македонски винарии ќе имаат свои презентации, дегустации и одвоени состаноци со потенцијалните увозници.
Целта на присуството на овие настани е пробивање на македонското вино на пазарите во Европската унија, а со новата маркетинг-стратегија за извоз на вино во ЕУ, Холандија, Полска, Словенија и Швајцарија се оценети како најперспективни пазари за македонското вино.