НА ИРЦИТЕ ИМ ТРЕБААТ РАБОТНИЦИ: Плаќаат по 400 евра неделно и нудат сместување
Објавено во: Економија 02 Август, 2017
Во Ирска освен сезонски, потребни се и постојани работници за берба на тутун, грозје, јаболка, аронија или луѓе кои би работеле на фарма.
Вакви огласи се појавија на сајтот на Државниот завод за вработување во Хрватска.
Се нуди платено сместување, а за работен час се плаќаат по 10 евра.
Стопанството во земјата има потреба од работна сила.
На веб страницата www.raduirskoj.com е наведено дека со 48 часа неделно може да се заработат 400 евра.
Договорите за работа се за година дена со платен одмор, боледување и ред други бенефиции.
Предност ќе имаат кандидатите со искуство.
Од друга страна фармер од Хрватска вели дека иако нуди плата од 5000 куни, со години не може да најде работници.