На Јонуз Муслиу шеф му е Рама, а не Вучиќ
Објавено во: Балкан 26 Април, 2017
Претседателот на албанскиот национален совет со седиште во Бујановац, Јонуз Муслиу, вели дека негов претседател не е Александар Вучиќ, туку Еди Рама.
Според него, во согласност со Уставот на Албанија, Еди Рама е лидер на сите Албанци каде и да живеат.
Додава дека не се грижи што на сите документи пишува дека живее во Република Србија.
Во интервју за Прва телевизија Муслиу објаснува зошто премиерот на Албанија, Еди Рама, го смета за негов шеф.
„Се разбира дека Еди Рама е претседател”- вели тој на прашањето дали негов претседател е Александар Вучиќ или некој друг.
На забелешката на новинарот дека на влезот во општината и во документите пишува Република Србија, тој рече: „Нека кажат што сакаат”, и додава: „Јас живеам во Прешевската долина”.