На кои земји патниците им дадоа највисоки оценки?
Објавено во: Свет 18 Јануари, 2017
Booking.com е сајт кој доделува награда "Guest Review 2016" на оние кои им понудиле незаборавно искуство на своите гости.
Оваа награда е врз основа на 110 милиони оценки на патници.
Опфатени биле 355.535 објекти во 205 земји.
Највеќе награди има во Италија 18.037, во Британија 16.514, Австрија 12.659, Грција 12.439, Хрватска 12.219, и Полска 10.399.
70% од анкетираните кажале дека најубаво си поминуваат на места каде се чувствуваат како дома.
59% кажале дека сакаат да се почувствуваат поврзани со местото каде престојуваат.
Патниците се почесто очекуваат сместувањето да биде скроено на нивните потреби.
48% рекле дека љубезноста им е многу важна за пријатен одмор.
80% сакаат удобен кревет, 60% убав поглед, 52% бесплатен ви фи.