На кој датум Нимиц доаѓа во Скопје?
Објавено во: Македонија 24 Јануари, 2018
Медијаторот Метју Нимиц доаѓа во среда во земјава, брифираат за тв 24 високи дипломатски извори. Медијаторот кој сам најави дека ќе ги посети Владите на Скопје и Атина за да добие став по последниот предлог кој содржи повеќе идеи за евентуално решение на името во Македонија ќе биде на 31 јануари, тврдат истите извори.
Посетата на медијаторот доаѓа по денешните директни премиерски преговори меѓу Зоран Заев и Алексис Ципрас, но и по лидерската средна на државно политичкиот врв во земјава, на кој ќе се прават консултации околу идеите на медијаторот.