На мајките им треба поддршка
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2017
Придобивките од 450 се однесуваат на многу полиња од целокупниот живот, не само на жените и на сѐ она до коешто се допира, татковци, блиски роднини, општеството, пред сè и над се детето. Но да!!
Самодовербата на една жена со едно вакво законско решение секако дека добива на важност, односно секако дека се одразува. Ако жената знае дека во оваа држава поради добри, цврсто исконструирани закони може мирно и спокојно да си остане трудна, да си работи во периодот на таа бременост (што е исклучително интересно искуство) и на крај да знае дека со сигурност после тој прекрасен период ја чека нејзината работа, ЗАГАРАНТИРАНА СО ЗАКОН - вели Снежана Кузмановска, активистката на 450 Породилно за Женски Магазин.