На млади семејства им се дава земјиште за градење на куќи
Објавено во: Балкан 08 Февруари, 2017
Младите семејства кои живеат на подрачје на Славонски брод ќе добијат земјиште по поволни цени за градење на куќи.
Првиот договор е потпишан вчера, а рокот за користење е 99 години.
На овој начин семејствата ќе заштедат околу 20.000 евра, колку што чини парцела во градот.
Месечниот закуп ќе биде 100 куни, а куќа треба да се изгради за 3 години.
Ако постои интерес, земјиштето по 10 години може и да се откупи.