„На пат“ долгоочекуваните реформи на ПРЕОПТОВАРЕНАТА јавна администрација
Објавено во: Македонија 21 Февруари, 2018
На повидок долгоочекуваните реформи за преоптоварената јавна администрација. За држава како нашата, јасно беше дека нешто во тој систем не чини. Чекор по чекор, почнува возобновувањето на овој сектор на кој му е повеќе од потребно ново прекројување и квалитетно оспособување за нови предизвици.
За почеток ќе има пребројување до крајот на март со што би се таргетирало каде има вишок, а каде кусок на персонал.
Манчевски предвидува план за деполитизација на оваа сфера како и
редифинирање на системот за оценка на административните службеници што ќе овозможи основа за наградување според учинок, воведување посебна категорија на високи државни службеници и подготвување на нов закон за плати. Целта е да биде правичен, заснован на принципот еднаква плата за еднаква работа.
Администрацијата, укажа Манчевски има превработеност на најниско ниво. Од друга страна нема менаџерски кадар , односно пополнетоста на раководните позиции, како на пример раководители на одделенија и сектори е одвај 40 %.