19 Април, 2024
0.0275

На повидок масовни протести на земјоделците, ако министрите не ги викнат на средба

Објавено во: Агробизнис 26 Април, 2017

Добивај вести на Viber

По вчерашните протести тече рокот кој земјоделците им го дадоа на надлежните министри за земјоделие и финансии.

Тие протестираат поради неисплатените субвенции за 2016 и дел од заостанатите исплати од претходните години.

Земјоделците од неколку здруженија  беа повикани да излезат на протести и да не се плашат од никој бидејќи субвенциите се државна, а не партиска мерка и не зависат, како што порачаа од ВМРО ДПМНЕ и лидерот на таа партија Никола Груевски.

Ни четири месеци по вонредните избори во декември лани земјава нема влада, а земјоделците залудно го сметаат секое преговарање со актуелната власт.

Сепак, тие најавија масовни протести доколку не бидат повикани на средба со министерот Цветков и Миновски.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари