29 Март, 2024
0.0302

НА РЕД ДОЈДЕ СУДЕЊЕТО ЗА „ТНТ“: Груевски, Јанакиески и Трајковски на иста обвинителна клупа за уривањето на објектот на Цаноски

Објавено во: Македонија 21 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Бурна работна недела ги очекуваат судовите.

6 судења се најавени за случаи под директива на специјалното јавно обвинителство.

Уривањето на „Космос“, односно случајот „ТНТ“ во среда на обвинителна клупа ќе го седне поранешниот премиер Никола Груевски, додека ден претходно , во вторник треба да се одржат 3 судски рочишта за предметите „Шпион“, „Транспортер“, и „Труст“.

И Миле Јанакиески и Тони Трајковски, покрај Груевски се гонат во случајот „Космос“ .

 В четврток е предвидено уште едно рочиште за „Труст“, а в петок продолжува „Тарифа“.

СЛУЧАЈ ТНТ

Никола Груевски како претседател на Владата и Миле Јанакиески како министер за транспорт  и врски го поттикнале градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски да најде начин и незаконски да го сруши објектот Космос, објави СЈО при откривање на ова дело кое произлезе од прислушуваните записи.

Според СЈО тие се нарачателите на  рушењето на објектот во сопственост на Фијат Цановски.  Прв извршител е  градежната инспекторка во општина Гази Баба, која според СЈО  без проблем ја прифатила нарачката од врвот на партијата.

„Истата за да ја реализира постапката за рушење на станбено-деловниот објект “Космос”, направила мерење на максималната височина на нултата плоча на градбата, без да постојат законски услови за мерење на таа височина и тоа без да биде изграден заштитен тротоар на градбата од страна на пристапната улица “8” на објектот во однос на кој требало да се врши мерењето.

Притоа составила Записник за констатација каде навела дека целиот објект се изведувал спротивно на Основниот проект, односно повисоко за висинска разлика од 1,43 метри, по што веднаш донела и незаконито Решение за отстранување на градба“, oбјави Фатиме фетаи.

Инспекторката го игнорирала вештачењето од Архитектонски факултет кое посочувало дека се руши незаконски, а бидејќи на нарачателите им се брзало со уривањето, било наредено рушење со екплозив. Па,  уште тројца осомничени во овој предмет кои тогаш биле членови на комисијата за јавни набавки во општината, незаконски ја спровеле јавната набавка , без оглас градоначалникот  ја договорил фирмата Три М, која според СЈО, немала ни лиценца за рушење со експлозиви, а го извела чинот. 

Мотивот бил политичка одмазда, објави  СЈО.  Цановски бил оштетен за речиси 15 милиони евра, толку чинела само инвестицијата.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Уапсено е уште едно лице за убиството на лекарот во Железара

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДАЛИ БИ ГО ПОСЕТИЛА ГРОБОТ НА ЕНВЕР ХОЏА: Билјана Ванковска даде одговор

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

ДУДУШ КАЖА ДЕКА ГО ИЗБРКАЛЕ ОД СДСМ: Го пофали Ахмети и го нарече татко на нацијата

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

На Бујар Османи му е предложено да се кандидира за генерален секретар на НАТО?

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Тошковски: Приведено уште едно лице за убиството на докторот

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Европската комисија бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра потрошени за измами од „Еразмус плус“

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Андоновски: Не е проблем превработеноста, туку нефункционалноста на администрацијата

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

Со украден џип од Италија сакал да се врати во Студеничани

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење

„ОПШТИНИТЕ ЌЕ КОНФИСКУВААТ ДИВИ ОБЈЕКТИ НА ДРЖАВНО ЗЕМЈИШТЕ“: Герасимовски најави големи промени на терен - нема рушење