На скоро 500 огласи испратил CV и уште е невработен
Објавено во: Балкан 27 Април, 2017
Додека младите луѓе одлучуваат да ја напуштат БиХ младиот Мирзет Омеровиќ од Кладња испратил на 480 огласи свое CV, но засега е невработен.
Ова 24-годишно момче е упорно во потрагата по работа, но уште нема ангажман.
Тој лани во јули дипломирал на Економскиот факултет во Тузла.
Досега добил само 12 одговори на сите апликации кои ги испратил, но тој не губи надеж и вели дека ако е потребно ќе прати и 1.480 апликации, затоа што мора да си обезбеди егзистенција.
Негова цел е да остане во БиХ и на многу свои врсници да им покаже дека со труд сепак може да се успее.
„Имало ситуации кога сум одел од врата на врата и сум прашувал да не им треба работник, или пак имало ситуации кога ме истерувале од канцеларија“ - вели Омеровиќ.
Ако е неопходно овој млад човек додава дека е подготвен да работи и во градежништво.