НА СОРОС МУ ТЕКНА: Вака планира да ги докрајчи ИТ гигантите
Објавено во: Свет 23 Февруари, 2018
Милијардерот Џорџ Сорос кој ги обвини ИТ гигантите Фејсбук и Гугл како закана за сите, наводно ја истражува можноста како да се соочи со растот на нивната моќ.
Портпаролот на една од неговите влијателни фондации, рекол дека Сорос лани му донирал 180 000 долари на Институтот за отворени пазари.
„Фондациите за отворено општество долго работеа на прашања кои се однесуваа на слободниот и демократски проток на информации и начини на кои концентрацијата на моќ може да влијае на знаењето и комуникацијата“, рекол заменикот на американскиот програм Open Society Foundations Лалех Испахани.
Тој додал дека неодамнешниот говор на Сорос на Светскиот економски формум нанел загриженост поради ефектот на влијание на неколку гигантски интернет платформи.
„Сосема сигурно ги истражуваме новите начини на кои можеме да ги решиме тие проблеми не само во САД туку и во нашите основачи на глобално ниво“.
Фејсбук и Гугл станаа препрека за иновации, и претставуваат закана за општеството, рекол Сорос неодамна.
Како што истакна, малку е веројатно дека тие ќе се променат без некои регулации.