На Стража горел автомобил со семејство од Украина
Објавено во: Македонија 12 Август, 2017
Синоќа во 19:00 часот во Полициска станица Гостивар пријавено е дека на магистралниот пат Гостивар-Кичево во близина на превојот "Стража" над клучката за село Сретково дошло до опожарување во движење на патничко моторно возило "Рено Скеник" со литваниска национална ознака, управувано од 33-годишниот С.К.Х.од Република Украина. Пожарот настанал поради дефект на тркало. Во возилото како сопатници биле неговата сопруга, две малолетни деца и роднина.
Патниците во возилото не се повредени, но со екипа на Итна медицинска помош се пренесени во Медицински центар Гостивар. Пожарот е изгаснат од екипа на Противпожарна единица Гостивар.
Увид извршила екипа од Полициска станица Гостивар