24 Април, 2024
0.0361

НА УДАР НА РЕБАЛАНСОТ: Тевдовски ќе ги крши непродуктивните трошоци

Објавено во: Финансии 06 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Кои проекти ќе бидат на удар на ребалансот – никој во Владата засега не открива. Посочено е само дека ќе се кратат непродуктивните трошоци, но нема да се задира во проекти кои се отпочнати и чие евентуално запирање би било на штета на буџетот.

Министерството за финансии го финишира ребалансот на буџетот. Извори оттаму за Фактор велат дека сеуште се во тек одредени прекројувања на државната каса, иако најголемиот дел е веќе завршен.

Според најавите, ребалансот ќе се најде на владина седница во петок, по што ќе биде испратен во Собрание. Очекувањата се дека пред втори август ќе биде донесен.

Сепак, засега не се откриваат детали на што точно ќе има кратење, но јасно е дека тоа ќе биде кај оние трошоци кои се сметаат за непродуктивни.

Буџетот за годинава тежи 3,3 милијадри евра, додека  буџетскиот дефицит е планиран на 302 милиони евра.

Според податоците, од вкупно планираните приходи во буџетот во првитте пет месеци од годинава се прибрани 38,9 %. Потоа,  до мај годинава потрошен е 28,6 % од буџетскиот дефицит.

Најслаба реализација има кај капиталните инвестиции, односно за првите пет месеци реализирани се само 28,8% .Односно,  реализирани се само 126,3 милиони евра за капиталнни ивестиции од вкупно планираната сума за цела година која изнесува 438, 2 милиони евра.  

С.Н.

Можеби ќе ве интересира

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

АМЕРИКА МОЖЕ ДА СЕ СООЧИ СО СТАГФЛАЦИЈА: директорот на JPMorgan Chase предупредува „економијата на САД се враќа на проблемите од 70-тите“

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

ВТОР МЕСЕЦ ПО РЕД ПАЃААТ - проесечната нето плата 39.276 денари, еве во кои сектори има најголемо намалување

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

АКО ВЕЌЕ „ГЛАВАМ“ ВО БАНКА, БАРЕМ НЕКА БИДЕ ЗА ДА СИ КУПАМ СТАН - голем пораст на станбените кредити, еве колку должат граѓаните

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ДА СЕ ОДАНОЧАТ ТРИТЕ ИЛЈАДИ НАЈБОГАТИ ВО СВЕТОТ, А ПАРИТЕ ДА ОДАТ ДИРЕКТНО КАЈ СИРОМАШНИТЕ - еве го планот на една нобеловка

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ЕВЕ КАДЕ ГИ ВЛОЖУВААТ СВОИТЕ ПАРИ 0,001 ПРОЦЕНТ ОД НАЈБОГАТИТЕ: Живеат поинаку од остатокот од светот

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

ДЕНАРОТ ГО „ПРЕТРКА“ ЕВРОТО, ИСТОРИСКИ МИГ ЗА ГРАЃАНСКИТЕ ЗАШТЕДИ - колку пари чуваат македонските граѓани во банка

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

Николоски на средби во СБ – Продолжуваме со спроведување на реформите дефинирани со нашите партнери, 695 милиони долари поддршка од СБ

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

БЕРЗИТЕ СО ГОЛЕМИ ЗАГУБИ - индексот S&P 500 падна петти ден по ред

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо

МАКЕДОНЦИТЕ ВО ГЕРМАНИЈА НА ГОЛЕМИ МАКИ – најевтина кирија е 1.000 евра, во големите градови уште поскапо