25 Април, 2024
0.0292

НАБРЗИНА СЕ ПРАЗНАТ СМЕТКИТЕ: ЕЛЕМ исплати 3 милиони евра К-15 за вработените!

Објавено во: Економија 22 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

Директорите на државните и јавните претпријатија на заминување од функциите ги празнат касите на претпријатијата со кои раководат. Се плаќаат заостанати фактури, се исплаќа и К-15 за работниците и тоа за повеќе години наназад.

Според информациите на Фактор, државната компанија ЕЛЕМ, поделила К-15 за три години и тоа во последните неколку месеци.

Според информациите, годинава во јануари, потоа во март и во текот на минатиот месец, вработените во ЕЛЕМ добиле К-15 за 2014, 2015 и 2016 година. А според инфрмациите, сега се размислувало да се исплати и за претходните години.

Во ЕЛЕМ има околу 4.000 вработени, а К-15 во оваа државна компанија се исплатило за сума од по околу 14.000 денари за секоја заостаната година. Тоа значи дека, за сите три заостанати години државната енерегетска компанија исплатила нешто помалку од 3 милиони евра.

Она што е нејасно, како е можно, државната копманија ЕЛЕМ со години да не исплаќала К-15 и сега одеднаш да  исплати за три години наназад. Токму ова ја отвора дилемата, дали сега на заминување на од функциите во државните фирми, некој сака да остави празни каси.

Засега е неизвесно во каква состојба ќе го најде новиот министер за финансии, буџетот на државата, иако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, тврди дека буџетската каса ќе биде полна, но сепак допрва ќе се види, дали и колкави заостанати долгови има, и што се ќе треба да се плати. 

А иако, од Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството беше посочено дека директорот Игор Златов, потпишал налози за исплата на субвенции од околу 80 милиони евра, сепак од Министерството за финансии посочија дека се стигнати многу помалку налоз и министерството за финансии исплати само околу 8 милиони евра, па нејасно е дали налозите се стигнати во финансии и нема пари да се исплатат субвенциите, или пак тие воопшто не се испратени таму.

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст