19 Април, 2024
0.0252

Над 200 илјади пензионери живеат со пензии од 7000 до 15 000 денари!

Објавено во: Економија 27 Октомври, 2016

Добивај вести на Viber

Пензиите минатата година биле навремено исплаќани, но со позајмици од државниот буџет, кои потоа биле враќани назад откако во фондот стигнувале приливи, се обелоденува во најновиот Извештај за работата на Фондот за ПИОМ за минатата година.

„Фондот и во 2015 година, редовно вршеше исплата на пензиите во првата недела од месецот за претходниот месец, со користење и на позајмица од Буџетот на Републиката, а ја враќаше по исплатата со акумулирањето на средствата од придонесите“, се вели во Извештајот на Фондот за ПИОМ.

Ианаку за исплата на пензии минатата година биле потрошени 740 милиони евра, но на фондот за ПИОМ му недостасувале 388 милиони евра, кои му биле префрлени од буџетот на државата. Дефицитот во фондот за ПИОМ од година во година станува се поголем, а на алармантни состојби преупредија и Светска банка и ММФ, кои посочија дека се потребни неодложни реформи. При тоа ММФ препорача дека земјата треба да размисли за зголемување на старосна граница или зголемување на стапките за придонес кои се уплаќаат.  

ЕДНА ТРЕТИНА ОД ПЕНЗИОНЕРИТЕ ДОБИВААТ ПЕНЗИЈА ОД 10 ДО 15 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ

Повеќе од една третина од пензионерите добиваат пензија во износ од 10 до 15 илјади денари. Анализата на податоците покажува дека оваа сума ја добиваат близу 105 илјади пензионери, што е околу 35%  од вкупниот број на пензионери.

Со пензија од 7.700 до 10 илјади денари живеат 84.523 пензионери што е 28% од вкупниот број на пензионери, а додека пензија во износ од 15 до 24 илјади денари добиваат 71.941 пензионер што е вкупно 23,8 % од вупниот број на пензионери.  

 Пенззија поголема од 24 илајди денари добиваат близу 16.000 пеенџионери, додека пак со пензија до 7.700 денари живеат 24.361 пензионер.  

Висина на пензија     Број на пензионери

·до 7.783 денари      24.361 пензионери

·од 7.783 до 10.121     84.523 пензионери

·од 10.121 до 15.000   104.958 пензионери

·од 15.000 до 24.000  71.941 пензионери

·од 24.000 до 35.683    14.055 пензионери

·над 35.683    1.890 пензионери

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

ГЕРМАНСКА ЕКОНОМИЈА: Дали избегнаа рецесија?

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

НИШТО ОД НАМАЛУВАЊЕТО НА КАМАТИТЕ? Еве кои се причините

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ГОЛЕМ СКАНДАЛ ГО ТРЕСЕ ПОЗНАТИОТ ГИГАНТ! Истражувањата откриле повеќе шеќер и млеко во храната за бебиња испратена во сиромашните земји

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКПЕТРОЛ“ КУПИЛ 14 АКЦИИ - еве колку е платен акционерскиот пакет

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ДИРЕКТОР НА СКОПСКА ФИРМА ПОДНЕСЕ НЕОТПОВИКЛИВА ОСТАВКА ПО ГОДИНА И ПОЛОВИНА МЕНАЏИРАЊЕ - промени во раководството на „РЖ Интертрансшпед“

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

ИМ ЗДОСАДИЛЕ ВИСОКИТЕ СМЕТКИ ЗА СТРУЈА, ПА РЕШИЛЕ САМИ ДА ПРОИЗВЕДУВААТ: Еве како изгледа енергетска заедница на група Грци

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

КРАЈ НА „ПРАВИЛАТА НА САМО ЕДЕН ЧОВЕК“ - тајвански гигант го воведе системот на ротирачки директори

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЗА ОВАА РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА, ПЛАТА ОД 2.500 ЕВРА - обезбедени сместување и храна, а ЕУ пасош не ви е потребен

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб

ЛАНИ „ИЗМЕСИЈА“ ФАНТАСТИЧЕН ПРОФИТ, АМА СО НЕГО ЌЕ ПОКРИВААТ СТАРИ МИНУСИ - кои се акционерите што нема да добијат дивиденда од најголемиот производител на леб