19 Април, 2024
0.2810

Над 300 тони костени набрани во Дебарско

Објавено во: Агробизнис 14 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Со рекорден принос од над 300 тони, заврши годинешната берба на костени во Дебарскиот регион. Косетенот во Дебарско е засаден на околу 250 хектари. Речиси 200 семејства од овој регион се занимаваат со производство на костени и како што велат ова јаткасто овошје носи добра заработувачка. - Костените веќе се продаваат на откупните пунктови во градот по цена од 50 денари по килограм. Компаниите кои ги откупуваат костените , ги пласираат на странските пазари во Романија, Бугарија и Италија, пред сè за кондиторската индустрија, вели Лири Делиши, началник на подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Освен на странските пазари, дел од родот се пласира и на пазарот во Дебар, Струга, Битола и Скопје, по цена од 60, 70 и 80 денари за килограм. Дебарскиот костен е познат по својот квалитет, а во овој регион најмногу насади со костен има во пограничните села, Џепиште, Отишани, Селокуќи, Коњаре и Бомово, како и во атарите на селото Горенци, општина Центар Жупа и долнореканското село Скудриње.  

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари