19 Април, 2024
0.0275

Над 3000 посетители го посетиле првиот Изложбен центар за електрична енергија во Македонија

Објавено во: Мои пари 14 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Над 3000 лица го посетија првиот Изложбен центар за електрична енергија – Матка, само три месеци по официјалното отворање за посетителите. Покрај индивидуалните посети, Изложбениот центар – Матка го посетија и групи ученици и студенти каде практично се едуцираа. Со почетокот на новата училишна и академска година веќе се најавени нови групни посети во рамки на кои ќе се одржува и практична едукација.

Изложбен центар за електрична енергија Матка е проект на ЕВН Македонија наменет за поголема едукација преку интерактивни експонати. Уште на самото отворање на Изложбениот центар за електрична енергија - Матка, претставниците на неколку универзитети во Македонија, на средни и основни училишта, како и претставници на Бирото за развој на образованието, потпишаа Иницијатива за користење на Изложбениот центар „Матка“ во едукативни цели, во насока на унапредување на образовниот процес.

„Навистина сме горди што нашата идеја е прифатена од заедницата и овој проект ја исполнува својата цел, да биде дел од образовниот систем и да овозможува поголема практична едукација на младите. Искрено се надеваме дека заедно со сите наши сегашни и идни партнери ќе ги збогатуваме содржините во насока на што подобра едукација и ќе стимулираме жед кај младите за иновации“, истакна Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Сместен  во автентичниот и оригинален простор на старата Хидроцентрала Матка, во близина на Скопје, Изложбениот центар  „Матка“  ја раскажува историјата на електричната енергија во Македонија, како и промените што настанале со електрификацијата. Истовремено, преку иновативен мултимедијален пристап, експонатите во Изложбениот центар „Матка“ нудат уникатна можност за едукација и интеракција. Покрај тоа поставени се и експонати за различните типови на производство на електрична енергија, приказ на ресурси, а интерактивни плазма-панели и плазма-топка, како и Ван де Графт Генератор кој нудат допир со електицитетот. Сите информации и содржини се на македонски, албански и на англиски јазик.

Влезот во едукативниот центар Матка е бесплатен. Сите заинтересирани можат да го посетат Изложбениот центар за електрична енергија „Матка“, индивидуално или во групи, а за условите за посета и за работното време можат да се добијат повеќе податоци на www.matka.com.mk /Facebook: Матка - Изложбен центар / Matka - Exhibition Center /Instagram: matka.exhibition.center

Можеби ќе ве интересира

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

ФОТО-ВЕСТ: Караванот на ДИК ги посети Штип, Конче, Струмица, Куманово и Старо Нагоричане

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Еуромакс Ресоурцес со последно предупредување пред арбитража за рудникот за бакар „Иловица-Штука“

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Д-р Неле Карајлиќ: Третиот дел на „Солунска 28“ е роман за сексот, дрогата и рокенролот, со носталгија за 80-тите години

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Подготовката за пат не е целосна без Visa Travel на Халкбанк

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

Работете за најголемите светски брендови од Македонија: Секој нов вработен добива бонус за добредојде – се бара само 1 услов!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

ТЕ ЧЕКА ВЕЛИГДЕНСКА СРЕЌА ВО СКОПЈЕ СИТИ МОЛ!

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Втора конференција „Чувари на мудроста“ BACK 2 BACK: Спојуваме генерации раскажувајќи успешни приказни

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Општина Сопиште како Финска: Гризли Иглос е новата уникатна атракција

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга

Светот на Биби на 36. издание на Саем на книга