Над 77.000 луѓе ги напуштија домовите - им се заканува бура
Објавено во: Свет 16 Декември, 2017
Најмалку три лица загинаа, а десетици илјади ги напуштија своите домови поради тропската бура Каи-Так која ги погоди Филипините на исток во саботата, прекинувајќи ја струјата и предизвикувајќи свлечишта.
Со ветер од околу 110 километри на час, бурата го погоди третиот по големина остров Самар.
Локалните власти објавија три смртни случаи на соседниот остров Лејт - двегодишно момче кое се удавило во градот Махаплег, жена која загинала во свлечиште и друго лице кое паднало во шахта во градот Ормок.
Самар и Лејт, со вкупно население од околу 4,5 милиони луѓе, го претрпеа тајфунот Хаијан во 2013 година кога загинаа повеќе од 7.350 лица.