19 Април, 2024
0.0720

НАФТЕНА КРИЗА: Штетите допрва ќе се мерат!

Објавено во: Економија 09 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Алтернативните гранични премини премини се решение за проблемот со блокадите на граничниот премин „Евзони“, но тоа значи поголеми трошоци и повисоки цени за превоз, велат превозниците. Посочуваат дека во вакви услови како што се повеќедневните блокади на грчките земјоделци на „Евзони“, најчесто се користат алтернативни патишта доколку има економска оправданост и е дирекно поврзано со подготвеноста на корисникот на превозот да плати соодветна цена за одредената дестинација доколку нема можности да ја донесе или испрати стоката  на друг начин до одредената дестинација за испорака.

„ Во моментот како алтернативни гранични премини за сите видови стока и празни возила се Дојран, Меџитлија и Ново Село , а за акцизна стока единствен алтернативен пат е Ново Село како одобрен премин од двете држави кои граничат меѓусебе.Алтернативните премини  значат поминување на поголем број на километри и логично е да се зголеми цената на превозот, а додека во првите моменти на блокадата алтернативата значеше спас и ослободување на возилата затоа што никој не беше спремен да ги надокнади дополнителните трошоци на превозникот , во понатамошниот период сигурно превозниците ќе побараат зголемување на цените доколку од нив се бара одново да се вратат на територија на Грција за да преземат стока за превоз ( нафта и нафтени деривати, контењерски пратки и сл.)“, вели Билјана Муратовска, од Асоцијацијата на превозници „Макам-транс“.

Според пресметките на превозниците, повеќедневниот застој на граничниот премин „Евзони“ ќе предизвика штети по различни основи.

„Начелно минимален дневен трошок на возилото кое стои во базата на превозникот се движи од 10 до 30 евра поради големите фиксни трошоци кои секој превозник ги има без да врши било каков превоз. Во период на вршење на превози просечен авто ден за товарени возила е 200 евра , но износот зависат  од видот на возилата и превозот кој се врши и може да достигне и до 450 евра по ден ако се работи за специјални превози.Како штета која се трпи кога имаме подолг период на блокади е и тоа што превозниците имаат и финансиска загуба од намален број на превози во текот на еден месец или за кратки релации и во текот на една недела“, вели Муратовска.

Според Муратовска во деловните односи меѓу превозниците и корисниците на превоз нема да има големо нарушување на деловните односи затоа што постои оправдана причина за задоцнувањето при извршување на превозот.Но меѓу увозниците и извозниците можно е да има нарушување на деловните односи односно користење на алтернативни пазари кои би ги задоволиле нивните потреби  се додека не се надмине кризата.

Штетите допрва ќе се пресметуваат

Штетите од повеќедневните блокади на грчките земјоделци на граничниот премин „Евзони“, допрва ќе се пресметуваат. Во моментот најпогодени од блокадите се превозниците кои работат на кратки релации, и кои превезуваат нафта и нафтени деривати, суровина за металска индустрија, прехрамбени производи.

„Производи кои најчесто се превезуваат од Грција за Македонија се  нафта и нафтени деривати , никел , јаглен, сол , котури и сл. и спаѓаат во група на масовни превози кога во еден ден може да се ангажираат по 15 и повеќе возила. Во контињерите има разен вид на стока , но често се користат за превоз на месо од прекуокеанските држави, мешана стока од Кина и сл. Решението е во рацете на корисниците на превозот, да го прифатат фактот дека мора да се користат алтернативни патишта и да ги покачат цените за превоз , да се откажат од високите профити и тој дел да се префрли на покривање на дополнителни превозни трошоци  затоа што во последните неколку години имаме најниски цени на превоз“, вели Муратовска.

Бизнисмените апелираат државата да преземе мерки како меѓународно да се позиционира и да се насочи кон алтернативните коридори, како Коридорот 8. Дел од стопанствениците  велат дека ваквите блокади и застои во превозот на стоки влијаат и врз деловните односи со партнерите.  

„Сега можеме само да броиме штети,  а штетите се евидентни. По разни основи имаме штети и тоа не е кончено. Суровините се на дневна,  а некогаш и на неделна база, ретки се тие кои се на месечна база. Така што сите горе доле се погодени од оваа ситуација ќе видиме допрва што ќе стане со тие производи кои требало да се извезат или увезуват, а се прехрамбени. А ние знамеме дека трговците ќе се обидат да ја минимизираат штетата, затоа што немаат механизам како да наплаќаат штети по овој основ. Се плашам дека обичниот граѓанин ќе ја плати штетата, со тоа што ќе купува нешто што еднаш смрзнато па одмрзнато, па пак смрзнато.Од друга страна и деловните односи се нарушени, тука е ланецот тој што ја извезува суровината има обврска да ја донесе според договорот и така да ја наплати.Решението не е едноставено, но треба да се почне да се решаваат меѓусебните спорови што ги имаме со соседот и од друга страна да гледаме меѓународно како да се позиционираме во тие  патишта кои не се само државни, тие се меѓународни, изградени од европски пари. Друго нас ни треба да се насочиме кон коридорите кој што ни се нудат, кон други пристаништа, на пример Коридорот 8 кој не врзува со Драч и Шенѓин кој пак не врзува со Црна Гора, значи имаме излез на море“, вели Мендерес Кучи од Стопанската комора на Северозападна Македонија.   

Деновиве Стопанската комора на Македонија побара грчките комори да се ангажираат за побрзо надминување на кризата. Грчките земјоделци утре имаат закажано средба со грчката Владата, по што ќе биде познато дали ќе ги повлечат блокадите или ќе ги радикализираат. 

Т.С


Можеби ќе ве интересира

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

СТРИМИНГ ГИГАНТОТ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: наспроти забраната за делење лозинка - голем раст на профитот и претплатниците

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

Марко Бислимовски останува вонреден претседавач на Бордот на регулатори на Енергетската Заедница

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

ЕСКАЛАЦИЈАТА И ТЕНЗИИТЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК ЈА КАЧИЈА ЦЕНАТА НА НАФТАТА: Еве како да тргувате со црно злато

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„АЛКАЛОИД“ СЀ ПОБЛИСКУ ДО ЕВРОПА: Компанијата регистрираше ново друштво во Хрватска, осми по ред правен субјект основан во земја членка на ЕУ

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

„НАЈСРЕЌЕН СУМ КОГА ГО СОБИРАМ СЕМЕЈСТВОТО И ОДИМЕ ДА ПАКУВАМЕ МЛЕЧНИ ПРОИЗВОДИ“ - познатиот бизнисмен Дабевски ексклузивно за „Бизнис муабети“ на Фактор

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПОМАЛКУ ОД 2 МЕСЕЦИ: Кој директор на државна фирма успеа да потроши 35 милиони евра?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

ЗА ПЛОЧКАР, МОЛЕР, ФАСАДЕР МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧИ ДА ЧЕКАТЕ СО МЕСЕЦИ: Дали се ова „златни времиња“ за занаетчиите?

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

„ДЕБАРСКИ БАЊИ-ЦАПА“ НАЈАВУВА ИНВЕСТИЦИИ ЗА ГОДИНАВА ОД 163 ИЛЈАДИ ЕВРА - и дивиденда за акционерите, сепак, ќе има

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите

Финансиските инспектори лани биле страв и трепет за функционерите