24 Јануари, 2018
0.4149
    ALK 7791.42    1.09%     FERS 56000    0%     GRNT 830    0%     KMB 3094.21    0.45%     MPOL 255    -9.65%     MPT 28001.2    -2.96%     MTUR 4282    2.98%     OKTA 3420    6.88%     PPIV 37500    0%     RMDEN16 94.5    0%     SBT 2100.85    1%     STIL 150    0.14%     TKVS 3100    -0.19%     TNB 13299.93    0.54%     TTK 998.57    2.55%     ZILU 212    6%     ZPKO 2706.43    0.24%

Нaградната игра на Елколект ќе трае до 26ти декември

Објавено во: Мои пари 19 Декември, 2016

·  "ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" во Ѓорче Петров, Берово, Карпош, Богданци и Гевгелија, ќе трае заклучно со 26ти декември

·  Заради големиот интерес, учеството во наградната игра  во сите пет општини се продолжува до 26ти декември

·  Во сите пет општини извлекувањето на добитниците на наградите ќе се одвива на 26ти декември

·  Ѓраѓаните кои во еко магацините на Елколект ќе донесат електронски и електричен отпад добиваат купони за учество со можност за осојување вредна награда

Елколект ги известува учесниците во наградната игра "ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" дека со оставање на дека својот електронски и електричен отпад во еко магацините на Елколект во општините: Ѓорче Петров, Берово, Карпош, Богданци и Гевгелија, може да учествуваат во наградната игра до 26ти декември. Воедно се известуваат граѓаните на овие оптштини дека на 26ти декември во просториите на нивните општини ќе одвива извлекувањето на до тогаш доставените купони за учество.

"ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ" е името на наградната игра која од 28ми ноември до 26ти декември 2016та, Елколект ја организира во соработка со општините: Ѓорче Петров, Берово, Карпош, Богданци и Гевгелија.

За оваа цел Елколект обезбеди по три вредни награди за секоја општина, или вкупен награден фонд од 5 HP лаптопи,5 телевизори Hyundailedsmart и 5 правосмукалки Горење.

Првично планираните извлекувања во општините, заради големиот интерес за учество, се поместуваат за 26ти декември 2016та година..

Според правилата на наградната игра, потенцијален добитник на награда е секој полнолетен граѓанин кој за времетраење на наградната игра, во неговата општина, ќе достави електричен или електронски отпад, на локацијата каде е поставен еко магацинот на Елколект.

Локации на еко магацините на Елколект во општините каде се одвива наградната игра

"ДА РЕЦИКЛИРАМЕ И ДА СЕ НАГРАДУВАМЕ"

  1. Во општина Ѓорче Петров - во  дворот на Општина

и  кај забавното игралиште пред мостот кон Волково, 

  1. Во Берово – кај градскиот пазар
  2. Во општина Карпош – кај ОУ Петар Поп Арсов и ОУ Војдан Чернодрински
  3. Во Богданци - на Ул.Маршал Тито бр.52 
  4. Во Гевгелија - на ул.Моински Пат бр.67  и ул.Ѓорѓи Митров бб

Сите граѓани кои имаат дотрајани, неупотребливи електрични апарати, компјутери, монитори, процесори и други апарати од домаќинството, кои ќе ги донесат на одредените локации во периодот на времетраење на оваа акција во нивната општина, имаат можност да се ослободат од опасниот отпад и да станат потенцијални добитници на награди. Резултатите од извлекувањата ќе бидат објавени на веб страната на Елколект www.elkolekt.mk.

Преку наградните игри и општествено одговорните активности организирани локално, компанијата Елколект  сака да се заблагодари на граѓаните кои својот опасен отпад го оставаат на  пропишаните места, а воедно да ги поттикне останатите на отстранување на опасниот отпад од своите домашни или деловни простории, потсетувајќи на неопходноста за зачувување на животната средина и човековото здравје.


Можеби ќе ве интересира

Нина и Жаре влегоа во најелитното друштво на Forbes

Нина и Жаре влегоа во најелитното друштво на Forbes

ЕДНА ОД НАЈЗАБАВНИТЕ ЕМИСИИ: Сања и Слаткар во „Еден на Еден“ (ВИДЕО)

ЕДНА ОД НАЈЗАБАВНИТЕ ЕМИСИИ: Сања и Слаткар во „Еден на Еден“ (ВИДЕО)

Populast.com, сајт за следење на вирални содржини на социјалните мрежи

Populast.com, сајт за следење на вирални содржини на социјалните мрежи

25 години посветеност на УСАИД за почитување на човековите права во Македонија

25 години посветеност на УСАИД за почитување на човековите права во Македонија

Доделена главната награда од наградната игра „Happy Monday“ за корисниците на Mastercard платежните картички

Доделена главната награда од наградната игра „Happy Monday“ за корисниците на Mastercard платежните картички

Во манијата со крипто-валути, сите заборавија на овој гигант кој соборува рекорди

Во манијата со крипто-валути, сите заборавија на овој гигант кој соборува рекорди

(ВИДEO) „Фчерашни новости“: Ќе си ја заврши ли конечно Нимиц работата?

(ВИДEO) „Фчерашни новости“: Ќе си ја заврши ли конечно Нимиц работата?

Last Minute Sale со попусти до 70%

Last Minute Sale со попусти до 70%

„Фчерашни новости“: Разговор со италијанскиот сопственик на депонијата Дрисла

„Фчерашни новости“: Разговор со италијанскиот сопственик на депонијата Дрисла