25 Април, 2024
0.0332

Најава за 250 нови вработувања во Кичевско

Објавено во: Економија 19 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Рудникот за манган „Стогово“ во Кичево наскоро треба да почне со работа, а веќе се прават засилени подготовки за неговото отворање. „Во потрага сме по странска компанија со која би можеле полесно и побрзо да најдеме пласман за нашата руда, која моментално е доста барана на светскиот пазар. Постои интерес од повеќе странски компании, но како фаворит за кооперантски однос се наметнува американско-канадска компанија со долгогодишно искуство во областа на рударството“, вели директорот на „Тајмиште“Владо Толески, за Нова Македонија. Како што пишува весникот, отворање на рудникот за манган „Стогово“ е важно за Кичевскиот регион бидејќи ќе се вработат околу 250 лица од разни профили. Исполнети се сите предуслови за почеток на работата во овој рудник и се очекува во првата половина на февруари најдобриот понудувач на тендерот, акционерското друштво „Тајмиште“ од Кичево, да ги уплати понудените 780.000 евра и да го потпише концесискиот договор во траење од 30 години. Истовремено, од компанијата бараат и фирма што ќе врши збогатување на концентратот на рудата во новоотворениот рудник. „Од досегашните истражувања што ги вршевме и пред дваесетина години и денес, потврдено е дека концентратот од Стогово е со содржина на манганова руда од 24-25 отсто. За да биде конкурентна на светскиот пазар, потребно е рудата да биде со повисока концентрација на манган, а тоа значи процентот барем двојно да се зголеми и да изнесува минимум 50 отсто“, вели Толески за Нова Македонија.

Можеби ќе ве интересира

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

Економската зона Ченгду-Чонгкинг е еден од главните мотори на идниот економски раст на Кина

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

ДАЛИ Е ОВА НАЈВИСОКАТА НЕТО ДИВИДЕНДА? Изнесува 35 евра за акција, а приносот е 7 отсто

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

САКАТЕ УСПЕХ ВО КАРИЕРАТА: Вмрежувајте се и ширете ги контактите

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија