НАЈАВЕНА Е СИЛНА ГРАЃАНСКА РЕАКЦИЈА: БЕСА бара обелоденување на сите монтирани процеси
Објавено во: Македонија 17 Август, 2017
Движењето БЕСА денеска побара побрзо обелоденување на случаите како „Сопот“, „Монструм“ како и многу други случаи и вистинските виновници да се изнесат пред правдата, без разлика на нивната етничка припадност.
Aко тоа да не се исполни, БЕСА вети „силна граѓанска реакција“.
„Движењето Беса максимално ќе се ангажира за обелоденување на сите монтирани судски процеси, да се обелоденат коруптивните афери каде се шпекулира за високи политички актери кои и сега се дел од Владата. Во спротивно, граѓанската реакција ќе биде силна и БЕСА ќе го предводи организирањето за спречување на селективната правда на штета на Албанците и на сите граѓани во државата“- се наведува во соопштението на БЕСА.
Сметаат дека разрешувањето на Марко Зврлевски од функцијата државен јавен обвинител нема да реши проблемите во Јавното обвинителство, кои како што велат од БЕСА се постари од периодот во кој Зврлевски ја водел оваа институција.