25 Април, 2024
0.0546

Најбрз начин на детекција на бактериски и вирални патогени од гастроинтестинален тракт со Real Time PCR метода

Објавено во: Мои пари 09 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Гастроинтестиналните инфекции се најчестите инфекции кои се појавуваат кај луѓето. Иако најчесто поминуваат без поголеми последици, овие инфекции доколку не се дијагностицираат и не се третираат може да бидат причина за посериозни нарушувања особено кај повозрасната популација ,  кај малите деца и имуно компромитирани пациенти.

Овие инфекции многу лесно се пренесуваат без разлика на причинителот, тешко се контролираат и поради тоа може да претставуваат сериозен здравствен проблем.

Симптомите на гастроинтестиналните инфекции се повраќање, абдоменална болка, грчеви, диареа.Дополнителни компликации може да бидат предизвикани од дехидратацијата и губењето на електролити, поради тоа брзата и точна дијагноза, адекватниот третман и контрола на инфекцијата се основни параметри во лекувањето на гастроинтестиналните инфекции.

Најчестите предизвикувачи на овие инфекции се бактерии и вируси.

Сите овие гастроинтестинални патогени можат да се пренесат преку контаминирана храна(месо, млечни производи, не доволно термички обработена храна), загадена вода, контакт со инфициран човек.


Во Биотек Лабораторија се врши детекција на бактериски и вирални патогени од гастроинтестинален тракт со Real-Time multiplex PCR метода.Раното и брзото откривање на причинителите се од клучно значење во третманот на пациентот. Молекуларната анализа овозможува истовремена детекција на 6 вируси во само еден примерок. Детекцијата на бактериски патогени можна е на 9 бактерии:Campylobacter coli/jejuni/lari, Clostridium difficile, Escherichia coli verotoxin positives, Salmonella spp., Shigella spp., enteroinvasive Escherichia coli и Yersinia enterocolitica.

Молекуларната детекција на вирални патогени од гастроинтестинален тракт преку Real Time PCR метода претставува ин витро метода преку која квалитативно се детектира вирусната нуклеинска киселина во примероци од фецес се со цел навремено, брзо и прецизно спречување на можност од инфекции од следниве патогени: norovirus G1, norovirus G2, astrovirus, rotavirus, adenovirus и sapovirus.

Постојат многу предности на молекуларната дијагностика за испитување на вирални патогени од гастроинтестинален тракт преку Real-Time multiplex PCR:

-  Ова е најнова техника за рано и брзо откривање на патогени во гастроинтестиналниот тракт.

-  99,9% сензитивност и точност на испитувањето.

-  Навремено и прецизно детектирање на 6 вирални патогени во однос на други техники.

-  Секој патоген преку посебни механизми се врзува за одреден дел од ДНК или РНК доколку е присутен во примерокот.

-  Од примерок до резултат е потребно мак. 48 часа, со врвни методи на изолација и амплификација, како и интерпретирање на резултатот со најсовремна апаратура (Real-Time Q-tower 3.0G) и реагенси од врвни светски производители.

-  Лимитот на сензитивност е детектиран на помал број копии како 102 компии/ml. Аналитичката сензитивност е верификувана преку тестирање на примероци кои се разредени со позната концентрација.

Принципи на методата:

·  Вирусната RNA e транскрибирана во cDNAсо помош на специфичен ензим за реверзна транскриптаза.

·  DNA од различни патогени е амплифицирана со помош на различни прајмери преку полимеразно верижна реакција.

·  Застапеноста на специфичен патоген во реакцијата се детектира со помош на флуоресценција која е поткрепена од двојно обележаните проби, и е претставена какоCt (cycle threshold)  и се дефинара како број на циклуси кој се одговорни да го поместат сигналот на флуорсценцијата над прагот за флуоресцирање преку Real-Time thermocycler.

Секој од горенаведените мултиплекс панели кои содржат соодветни патогени се детектираат преку прајмери кои специфично се сврзуваат со вирусната ДНК / РНК секвенца од примерокот. Ова придонесува за голема сензитивност на оваа молекуларна техника и за нејзината прецизност и точност.

БИOTEK лабораторијата претставува прва приватна специјалистичка лабораторија направена по водечки светски стандарди и опремена со најсовремени технологија и реагенси од областа на молекуларната , микробиолошката и биохемиско –имунолошка дијагностика.

Можеби ќе ве интересира

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

Напред во дигиталната иднина со Македонски Телеком

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

WTCA заговара „мир по пат на трговија“ на Балканот и во светот на IX Delfi економски форум

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Караванот на Државна изборна комисија во посета и на руралните средини и маргинализираните групи

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет