25 Април, 2024
0.0274

Најчести грешки на интервјуата за работа

Објавено во: Стил 17 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

При барање работа интервјуто е најкритичниот момент за тоа дали ќе бидете ангажирани или не. Постои верување меѓу експертите за човечки ресурси дека еден кандидат "никогаш не може да е премногу подготвен за интервју за работа" Дури и да сте ја светнале и усовршиле обвивката, малите нешта како гестови или мимиката и дури говорот на телото, може да се оние работи кои ќе работат "против" вас и ќе ве исклучат од листата на префериран кандидат. Јасно е дека секој ќе се подготви за стандардните прашања, кои најверојатно ќе бидат поставени. Треба да се има предвид дека луѓето кои се занимаваат со селекција на кадар, стануваат се повеќе креативни. Најверојатно ќе ви постават неочекувани и нестандардни прашања, кои не ви ни паднале на ум, само за да ја извадат на виделина вашата вистинска личност преку вашите реакции. Освен тоа, треба да имате на ум дека менаџерите на секторот за човечки ресурси одлуката дали ќе ве вработат или не ја донесуваат во првите 90 секунди од интервјуто. Сепак треба да знаете некои работи и грешки кои задолжително не треба да правите за време на интервјуто за да си ги намалите шансите. Еве некои од најчестите грешки кои е добро да ги избегнувате: 1.Навлегувате во прекумерни детали зошто сте изгубиле својата работа Дури и да ви биде поставено ова прашање, тоа е повеќе проформа и обид да се утврди кој е вашиот однос кон идниот работодавач врз база мислење за последниот. Уште помалку не треба да покажувате дека сте учествувале во конфликтни ситуации внатре во компанијата или да изнесувате чуствителни информации за вашиот поранешен работодавач. 2.Покажувате дека не сте ја надминале загубата на последното работно место Покажувате прекумерн чуствителен однос кога станува збор за вашата поранешна ви работа, дури и да не навлегувате во детали. Откривањето на малку информации за тоа зошто сте ја напуштиле може да создаде погрешни впечатоци дека најверојатно сте биле отпуштен. 3.Ви недостасува хумор Ако не успеете да вметнете некоја шега за време на вообичаените интервјуа за работа, многу е веројатно спротивната страна да ве провоцира со цел да ја види вашата реакција. Недостаток на смисла за хумор или дури насмевка може да не ви даде бонус поени пред останатите кандидати. Впрочем, никој не сака да ангажира роботник кои нема да може да се вклопи во колективот. 4.Не покажувате ентузијазам и интерес за работата Задолжителните прашања за работата за која аплицирате, не се случајни. Тие покажуваат заинтересираност и не треба да се наместени едноставно затоа што е потребно, туку  со цел да покажете вистинска заинтересираност и интерес за предложената позиција. 5.Неадекватно истражување за компанијата и позицијата за која аплицирате Не треба да оставите правите впечаток дека тоа е уште една работа за која аплицирате и не сте свесни за бизнисот на компанијата. Треба да имате детални информации за компанијата пред да се појавите на интервју. 6. Се концентрирате на она што вие го сакате, наместо тоа од што компанијата има потреба Се разбира дека секој е воден од сопствените цели и не треба да се согласувате со сето она што се бара, ако не одговара на вашите потреби. Сепак интервјуто е од компанија која бара службеници за конкретните потреби и вие треба да покажете дека сте вистинскиот човек за нив. 7.Се согласувате со се што е кажано Не треба да се согласувате со се што е кажано, бидејќи така не покажувате всушност што мислите за различни прашања и не сте искрени. Искреноста е едно од најценетите работи за време на интервју, тоа е квалитет што го покажувате и надвор од своите професионални вештини. 8.Не се разликувате од останатите кандидати Најверојатно не сте единствениот кандидат за позицијата за која аплицирате. Треба да покажете нешто што ќе ве направи различен од другите, за да бидете избран. 9.Не прашувате за работата Најверојатно менаџерите за човечки ресурси нема да ви откријат многу конкретни детали за работата за која аплицирате уште на почетокот, бидејќи уште не сте избран и затоа што се очекува дека ќе поставуваат прашања. Не испуштајте оваа можност.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган