25 Април, 2024
0.0293

Најчудни деловни згради во светот

Објавено во: Стил 11 Февруари, 2013

Добивај вести на Viber

Секое утро 500 работници на фирмата Longaberger во Охајо влегуваат во огромна жолта кошница, наместо во нормална деловна зграда. Ако сакате да видите и други целосно откачени згради во кои луѓето работат, живеат или посетуваат изложби, во прилог неколку интересни примери: Фирмата за кошници The Longaberger Company во Охајо од 1997 година изгради нова објект во вид на кошница. На седумте ката од зградата-кошница работат 500 вработени. Високо над нив има две рачки за носење кои тежат вкупно околу 150 тони. Зградата е инспирирана од нивниот сопствен модел кошница Medium Market Баскет. Ја препознавате ли оваа деловна зграда? Во оваа зграда во Токио се наоѓа култната јапонска пивара Asahi Beer. Не е сосема јасно, што е имал предвид дизајнерот, создавајќи големата златна лута пиперка во непосредна близина на зградата, но некј во тоа гледа како на огненото срце на пивото.

Во овој огромен чајник висок  74 метри може да се налеат над 28 милиони литри чај. Тоа е музејот за чај,MeitanTeaMuseumво Мејтан, Кина.Оваа зграда-чајник е со површина од околу 5.000 квадратни метри и со дијаметар од 24 метри

 Во вториот по големина град во Литванија, Каунас, се наоѓа деловната зграда наречена OfficeCenter1000, или позната како "зградата-банкнота". Таа има 10 ката, вклучувајќи канцелариите на различни банки. Фасадата се состои од 4500 различни насликани стаклени честички Оваа зграда е библиотеката Kansas City Public Library во Мисури. Зградата е висока е осум метри и е украсен со обоени 22-те "книги" кои се избрани од жителите на Канзас Сити како книги, кои најдобро го претставуваат градот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган