25 Април, 2024
0.0254

Најдобриот британски онлајн уредник ќе говори на Викенд медиа фестивалот

Објавено во: Мои пари 26 Јули, 2017

Добивај вести на Viber

Кога социјалните мрежи достигнаа бројки кои се мерат во милијарди корисници, во целата приказна сериозно навлезе и психологијата. Науката ни дава одговори на прашањата кој е наш корисник, како да допреме до него и како да се избориме со негативните коментари. Иако социјалните мрежи се идеален алат за директно комуницирање со корисниците, истовремено нудат речиси апсолутна слобода на изразување  што ги прави и место на кое брендовите може да доживеат и најжестоки напади. Комуникацијата со незадоволните корисници може да биде една од најмакотрпните активности која станува дополнително неудобна кога своето незадоволство истите го искажуваат јавно, пред сите со кои се обидуваме да изградиме квалитетен однос.

Како да ги разберете незадоволните корисници и да одговорите на неудобните коментари ќе можете да дознаете во рамки на предавањето “Психологија на социјалните мрежи и несоцијалните коментари“ на овогодинешниот Викенд Медиа Фестивал(Weekend Media Festival) на кое ќе говорат г-дин Борис Шурија, психолог и аналитичар, Директор на Аналитичката Агенција “Бихејв“ (Behave). “Учесниците во предавањето ќе научат како да емпатизираат со оние кои не нервираат и работат против нас, како и да разберат кои се вистинските причини во позадина на таквото однесување и како да реагираме на нив.“ – изјави Шурија.

Со темата социјални мрежи ќе се занимава и Џон Лоренс (Jon Laurence), најдобриот онлајн уредник во Велика Британија, чиј “Канал 4“ (Channel 4) со десет пати помалку фанови постигнува поголема вклученост (engagement) на фановитеод моќниот Би-Би-Си (BBC). Неговиот наградуван оддел може да се пофали со дури 70 милиони прегледи на видео прилозите на социјалните мрежи, а Џон на Фестивалот ќе појасни како со важни теми да се привлече младата популација и тоа на нивните мобилни уреди. “Ако кон младите се однесуваме со почитување, тие тоа 100 пати повеќе ќе ни го возвратат. Младите лица лесно се вклучуваат кога станува збор за сериозни теми се додека истите се дистрибуирани на вистинскиот, правилен начин. Кога почнавме да се насочуваме кон видео форматите на социајните платформи успеавме значајно да го зголемиме влијанието на нашето новинарство.“ – изјави Лоренс.

Десетиот Викенд Медиа Фестивал оваа година ќе се одржи од 21. до 24. Септември во просториите на старата Фабрика за тутун во Ровињ, под покровителство на Адрис групацијата. Во првата декада Викенд Медиа Фестивал беше домаќин на 45.000 учесници: 1000 говорници, 35.000 медиуми, маркетинг и ПР професионалци, 3.500 студенти и 5.000 акредитирани новинари од целиот регион. Викенд Медиа Фестивал е најголем фестивал за комуникации во југоисточна Европа, а е прв кој ги објави некои од најдобрите трендови како што се мобилно рекламирање,  “native“ огласување, дигитализација, програматика и блокчеин.

Викенд Медиа Фестивал не е резервиран само за предавања и дискусии, туку и место за забава и вмрежување кое оваа година ќе биде подигнато на ново повисоко ниво. Внимателно осмислената музичка програма отсекогаш била најсилниот адут на фестивалот, а оваа година ќе има и изненадувања прилагодени на големиот јубилеј.


Можеби ќе ве интересира

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

„Фактот што сме помеѓу 10-те финалисти на НЛБ проектот „Рамка за помош“, става печат за тоа дека сме вистински општествено одговорна компанија“: Георги Михаилов основач на платформата Разговор.мк

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Дали се откажавте од креирањето на сопствената држава?

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Нутритивни причини зошто да пиете чоколадно млеко

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка

Халкбанк го одбележа Светскиот ден на планетата Земја со зелени работилници во парк на Школка