Најдобриот град за студенти повеќе не е во Европа
Објавено во: Стил 17 Февруари, 2017
Париз веќе не е најдобар град за студенти и него го замени Монтреал.
По пет години водство на Париз, Монтреал ја доби оваа титула.
Листата ја состави компанијата QS Quacquarelli Symonds со набљудување на 100 урбани дестинации кои се добри за студенти.
Монтреал е град кој излегува од економска стагнација, а неодамна беше прогласен и за најинтелигентен град.
Листата на најдобри градови освен Монтреал и Париз, ја сочинуваат Лондон, Сеул, Мелбурн, Берлин, Токио, Бостон, Минхен и Ванкувер.