29 Март, 2024
0.0458

Најевтинaта нафта значи опасна политика

Објавено во: Анализа 27 Февруари, 2016

Добивај вести на Viber

Една од главните цели во кампањата на Доналд Трамп за претседател на САД е дека нуклеарниот договор со Иран е „ужасен“.

Почнувам да се прашувам дали тоа е точно, но од друга гледна точка, пишува колумнистот Фариид Закарија за „Washington Post“. Иран се покажа со многу лоша зделка отколку што се очекуваше. Да не заборавиме дека Техеран влезе во преговорите во турбулентните денови на високите цени на нафтата. А како Иранците допрва откриваат - нанадвор светот е целосно нов.

Да се ​​ставиме на местото на Иран. Исламската република започна да се однесува сериозно кон преговорите и во 2013 година потпиша привремен договор. Истата година нафтата чинеше над 100 долари за барел. Главниот конкурент на Иран - Саудиска Арабија, напредува со економијата, се прошири со околу 6% во 2012 година трошат мирно и дома и во странство, буџетот на кралството во 2013 година се натрупа, и тоа со 19%.

Иран во меѓувреме беше изолиран и со пад на економијата. Реалната награда за Техеран не е враќање на средствата (околу 100 милијарди долари) од сметки во банки во Азија и Европа, замрзнати како дел од меѓународните санкции. Наградата требаше да биде неговото враќање на пазарите како втор најголем производител на Блискиот Исток и собирање на богатството од бумот. Во 2010 година ирански официјални претставници прогнозираа дека до 2015 година иранските приходи од нафта и гас може да достигнат 250 милијарди долари годишно. Токму на ова се залагаа тие кога ги договараа отстапките.

Во јануари иранскaта нафта потече кон пазарот со цени на нафтата од под 30 долари за барел „Bloomberg News“ пресмета дека земјата генерира 2,35 милијарди месечно од продажба на нафта. Тоа не е точно наградата, која Исламската република ја очекуваше, кога се откажа од својата нуклеарна програма.

А сепак Ирак најверојатно ќе може да се справи со падот на нафтата подобро отколку многу други нафтени земји. Економијата е разновидна до одреден степен и, поради санкциите, како што таа, така и општеството се исклучително отпорни, посочува „Moody's“. Не е таков случајот со многу други големи земји кои спаѓаат под ударот на падот на цените на нафтата.

Да го погледнеме соседен Ирак. Тим Аранго од „New York Times“ ја наслика сликата на земја „во екот на скапа војна против ИДИЛ кој сега се соочува со економска катастрофа поради падот на цената на нафтата, и формира над 90% од приходите на ирачката влада“.

Тој забележува дека речиси 8 милиони Ирачани се потпираат на плати од државата, што изнесува скоро 4 милијарди долари месечно. Вкупните приходи од нафта во моментов се под 3 милијарди долари месечно. Висок ирачки политичар вели дека Ирак може да не преживее како страна, ако цените на нафтата останат ниски премногу долго.

Венецуела, долго време лошо беше управувана од Хуго Чавез и наследникот му е на работ на дефолт и уште полошо. Економијата се намалила за 10% повеќе од минатата година. Се очекува во 2016 година таа да се намали за уште 8%, а инфлацијата да достигне 720%, покажува Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Како што Мет О'Брајан од „The ​​Post“ пишува: „Единственото прашање во моментов е што ќе биде прва несреќа: Владата на Венецуела или нејзината економија?“.

Додека владата на Нигерија се бори со Боко Харам на север, таа е исправена и со можноста за нови насилства на југ по делтата на р.Нигер, која наоѓа голем дел од нафтата на земјата. Во најлош момент немирите таму го запреа половина од нафтеното производство на Нигерија. Немирите завршија со кревок мир и амнестија за бунтовниците во 2009 година а Владата сепак нема доволно пари за да ги исполни многуте ветувања. Сега може да се стигне дотаму да се бори против две брутални движења кои ќе ја раскинат земјата.

Има и други нафтени земји со не толку многу предизвици како овие, но сепак со проблеми во повеќето. Одговорот, велат економистите, е подигнување на структурни реформи, оддалечување на економиите од природните ресурси и инвестирање во други индустрии и човечки капитал. Тоа е тешко да се направи во кое и да е време, но е особено тешко кога земјата ти е во режим на слободно паѓање.

Во секој случај, владите на земјите производители на нафта насекаде во светот имаат потреба очајно од готовина, дури и само за да плаќаат плати и да ги задоволат основните обврски. Тоа значи дека тие ќе добиваат нафта колку што можат, што ја зголемува понудата и ги одржува цените ниски. Добредојдовте во новиот свет на поевтина нафта и опасна политика.

(Обработка од Washington Post)

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот