Најфреквентниот европски аеродром ќе биде уште поголем
Објавено во: Економија 26 Октомври, 2016
Најголемиот британски и најфреквентен европски аеродром Heathrow со 75 милиони патници годишно ќе се прошири во наредната деценија.
Неговото проширување вчера го одобри примерката Тереза Меј.
Новата писта ќе биде прва во полн профил која ќе биде изградена по Втората светска војна.
Ова проширување создава можност за раст на пазарот во Азија и Јужна Америка.
Проширениот аеродром на островот ќе му донесе 61 милијарда фунти добивка и ќе отвори нови 77.000 работни места за 14 години.
Дел од луѓето кои живеат во близина или ќе бидат иселени, или ќе добијат помош за изолација на домовите.