20 Април, 2024
0.0294

Најголемите економски предизвици на САД со претседателот Обама

Објавено во: Анализа, Свет 07 Ноември, 2012

Добивај вести на Viber

Изборите во САД се позади нас. Старо новиот претседател Барак Обама ќе мора да се почне да решава неколку сериозни проблеми кои веќе тежат и преставуваат проблем за здравјето на најголемата економија во светот. Америка заедно со Кина е мотор на развојот во светот и затоа ќе биде многу важно да се следи како најголемата економија ќе се справува со предизвиците кои и следуваат. Што ќе преставува најголема грижа за економскиот тим ?\ 1.       Долгорочна невработеност: -          Просечното траење на невработеноста е близу 19 недели. Ова е два пати повеќе од она што преставува просек во изминативе 50 година. Ако на тоа додадеме дека невработеноста кај младите луѓе до 24%, доаѓаме до заклучок дека проблемот е навистина сериозен и дека ќе мора нешто да се превзема во периодот кој следува. Исто така 16% од младите кои дипломирале по 2006 година се или невработени или не може да најдат работа со полно работно време. Колку што повеќе трае ваквата ситуација толку полошо ќе биде. Впрочем ние во Македонија тоа добро го знаеме. Долгорочната невработеност станува структурен проблем со кој било која влада има многу малку механизми да се справи 2.       Долгот на САД: -          Државата има 11 трилиони федерален долг. Лани САД платија 230 милијарди долари камата. Ова значи дека каматата на долгот во моментов е околу два проценти. И тука е се во ред. Меѓутоа повеќе работи укажуваат на тоа дека САД многу тешко ќе може да се рефинансира на долг рок по вака ниски камати. Просекот на камата на долгот од 1970 година навака е 5.9%. Под претпоставка дека каматите ќе се вратат на тоа ниво годишните издатоци за камата ќе бидат зголемени за 400 милијарди долари годишно. Ова делува навистина опасно, но се чини засега кризата во светот и овозможува на Америка да се рефинсира со исклучително прифатливи камати. Многу е тешко да се предвиди до кога ќе трае ваквата ситуација. 3.       Многу малку американци штедат за пензија: -          Ова е еден од најгорливите проблеми со кои се соочуваат американците. Како што е познато цената на здравствени услуги е многу висока во САД. За двојка која ќе се пензионира денеска се смета дека ќе бидат потребни повеќе од 100.000 долари само за покривање на медицинските сметки. Бидејќи сметки на американците за пензија се отворени голем дел од нив ги трошат парите денес, а утре кога ќе се пензионираат ќе имаат сериозен проблем. Типичен одговор на дилемата што ќе се прави во староста е дека луѓето ќе работат додека се живи. Колку е тоа физички можно е сосема друго прашање.

Зoшто берзата повторно погоди ?

http://faktor.mk/news/archives/1850

Текстот на горниот линк е од петти октомври, напишан неколку дена откога овој портал почна да функционира. Како што може да прочитате берзата се одржа над 1370 поени т.е. индексот S&P 500 и претседателот Обама го доби посакуваниот втор мандат. Секако дека постојат огромен број на фактори кои го определуваат победниот на изборите, би било лудо да се верува дека само берзата може да го направи тоа. Но влијанието е големо. Зошто толку многу берзата влијае на животите на американците? Погледнете те ја долнава табела:
 Total Net Assets of Mutual Funds
Billions of dollars

Sept 2012

Stock Funds

5,891.0

Hybrid Funds

968.3

Taxable Bond Funds

2,772.2

Municipal Bond Funds

569.1

Taxable Money Market Funds

2,284.0

Tax-Free Money Market Funds

267.3

Total

12,751.8

Како што може да забележите од долната бројка американските фондови управуваат повеќе од 12 трилиони долари. Оваа бројка е многу блиска до гидишниот БДП на земјата. За полесно да се разбере тоа би било како домашните фондови да управуваат имот вреден околу 7 милијарди долари. Бројката која ја управуваат нашиве фондови е незначителни и навистина не вреди да се спомене. Имајќи го ова во предвид може да заклучиме дека движењето на акциите за американските гласачи е битно, онолку колку што е небитно за македонските. Да продолжиме со фактите. Долната табела ја покажува реалната магнитуда на влијание кое го има берзата врз животите на граѓаните на САД. Повеќе од 90 милиони индивидуи имаат сметки во некој од инвестициските фондови.
U.S. household ownership of mutual funds
Number of households owning mutual funds

51.6 million

Number of individuals owning mutual funds

90.2 million

Percentage of households owning mutual funds

44%

Median amount fund-owning households invested in mutual funds

$100,000

Median number of mutual funds owned

4

Што би се рекло секој трет жител во државата му значи како ќе се движи берзата бидејќи тоа ќе ја одреди неговата можност да оди на подобар одмор или да има подобра пензија. Милан Димитриоски