Најквалитетни материјали се искористени за сигурност и безбедност на Скај Сити облакодерите
Објавено во: Мои пари 24 Декември, 2016
Сигурноста, безбедноста и ефикасноста на градбата, како и неминовниот квалитетот при изведбасе основните предности на Скај Сити висококатниците.Одличната инфраструктура, изборот на висококвалитетни материјали, естетските критериуми и енергетската ефикасност се елементите на кои се обликува целиот комплекс.
Кога станува збор за сигурноста и безбедноста на овие градби, важно е да се напомене дека при нивното проектирање, архитектите посветиле особена важност на овие компоненти. Облакодерите високи 130 метри и вкупно 40 ката се проект чија безбедност е приоритет на изведувачот. При нивната изградба, употребени се најдобрите материјали и технологии. Безбедноста и стабилноста на градбата е загарантирана и од методот на градба и структурата на целиот комплекс. Комплексот има 2 подземни ката наменети за паркинг, а во основата се 716 столбови, а секој столб е 24 метри во длабочина и 1 метар во ширина (дијаметар). Овие столбови заедно со подземните паркинг катови се вкупно 32 метра под земјата. Целата подземна структура е доказ за градежниот квалитет и важноста што Џевахир Скај Сити ја придава на безбедноста и сигурноста.
Покрај тоа, во процесот на градба воведени се строги контроли наменети за континуирано мониторирање на потеклото и составот на материјалите, кои што задолжително се сертифицирани и атестирани, вклучувајќи ги и машините и крановите. Дополнително, при самото изведување воведени се контроли за квалитетот на процесот на изградба на кулите.
Како доказ за сигурноста и безбедноста на висококатниците од страна на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологијабеше направеноиспитување со вештачки земјотрес, а издржливоста на кулите успешно го помина текстот. Највисоките згради на Балканот покажаа голема отпорност на земјотрес и на тој начин се даде уште едно уверување во безбедноста и сигурноста на овие градби.
Најпопуларните висококатници во земјава, меѓу другото нудат ексклузивност при модерниот начин на живеење. Бенефициите доаѓаат со атрактивната локација, мултифункционалноста на комплексот и пристапната цена за домување и поседување на стан во некоја од зградите.