20 Април, 2024
0.0269

НАЈНОВ ИЗВЕШТАЈ: Што сработи СЈО во последните шест месеци?

Објавено во: Македонија 15 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Во текот на последните шест месеци заведени се дури 142 нови предистражни предмети, а во моментот СЈО работат на вкупно 99 предистражни постапки.

Oбвинителите од СЈО досега успеале да преслушаат 70 проценти од незаконски прислушуваните разговори, стои во најновиот извештај на СЈО. 

Обвинителката Катица Јанева кажа дека при анализа и обработката на материјалите продолжи процесот на одвојување на приватните разговори од разговорите кои се во обработка. Објасни дека од вкупниот број на анализирани разговори 424 589, издвоени се 152 680 аудио фајлови во кои  станува збор за приватни разговори.

„Како што веќе беше наведено во третиот извештаен период ова Јавно
обвинителство поседува вкупно 606.555 аудио фајлови. Заклучно со датумот на поднесување на овој Извештај се анализираше содржината на 424 589 аудио фајлови односно во обработка се 70% од вкупниот број на аудио фајлови со кои располага ова Јавно обвинителство при што изработени се 1039 транскрипти каде што врз основа на преслушаните разговори има индикација дека е сторено кривично дело. Утврдената динамика на анализа и обработка на материјалите ќе продолжи и во претстојниот период“ - стои во извештајот.

За последните шест месеци, тимот на Катица Јанева поднесе 18 обвиненија за 19 предмети против 120 лица за 168 кривични дела. 

Во текот на извештајниот период отворени се вкупно 7 нови истражни постапки против вкупно 25 физички и превземени се истражни дејствија спрема 4 правни лица.

Најмногу кривични дела се за злоупотреба на службената положба и овластување, дури 77 и злосторничко здружување, 26.

Можеби ќе ве интересира

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

КРИВИЧНА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ: Синдикатот на полицијата oбвинува за несовесно работење

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

ВАНКОВСКА: Kамшикот му се дава на Грк, Преспа мора да се раскине

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА ЗА РУСКОТО ВЛИЈАНИЕ: Ако има политички актери некои, тие се маргинални

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

КРАДЕЊЕ НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ ЗА ПОДИГАЊЕ НА БРЗИ КРЕДИТИ: Koлку пријави има годинава во полиција?

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

НАЈЧЕВСКА: Почнаа наддавањата на големите партии кој колку ќе им ги покачи пензиите на пензионерите

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

СТУДЕНО УТРО ВО МАКЕДОНИЈА: Каде се измерени температури под нулата?

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

НАПРАВИЛЕ ШТЕТА НА БУЏЕТОТ НА БОГДАНЦИ: Поднесена е кривична пријава против градоначалникот и вработена во урбанизам

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Мицкоски повика на обединување, Апасиев е контра

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители

ДКСК го усвои приговорот на Силјановска Давкова за прекршувањето на изборниот законик од страна на Академијата за судии и обвинители