Добивај вести на Viber
Договор во Брисел не е постигнат, јавија после полноќ српските медиуми. Надлежностите се најголем камен на сопнување. Ова не е крај на преговорите, претстојат разговори во Белград. Делегациите останале единствени. Српскиот потпретседател на Владата,
Александар Вучиќ понудил оставка која е одбиена.
После целодневните разговори на делегациите на Белград и Приштина со посредство на високиот претставник на ЕУ,
Кетрин Ештон договор не е постигнат, изјави српскиот премиер
Ивица Дачиќ. Тој истакна дека во моментот нема договор во дијалогот со Приштина и дека остануваат разликите во ставовите кога станува збор за надлежностите на српските општини врз полицијата и правосудството.
„И покрај овие долги состаноци кои ги имавме повеќе пати, ние во моментот немаме договор. Имаме уште некое време да дојдеме до решение и да го сумираме впечатоците после овие долги разговори“, им изјавил Дачиќ на новинарите во Брисел и додал дека српската делегација била единствена, а дека разговорите биле тешки и исцрпувачки, не по тонот на зборување (според медиумите имало повишување на тонот помеѓу Александар Вучиќ и Хашим тачи) туку по тоа што се добива, а што се губи.
Во рамки на осмата рунда преговори од дијалогот Белград – Приштина (времетраење 14 часа), Кетрин Ештон во два наврати разговарала со делегациите на Белград и Приштина. Одржани се поеќе билатерални средби.
Следните денови претстојат анализи и разговори. Некои точки се и понатаму далеку од договор, но има и значителен напредок во разговорите.