25 Април, 2024
0.0283

НАЈОПАСНИОТ ЧОВЕК ВО ТИМОТ НА ТРАМП: Никој не слушнал за него, а ќе ја врши најважната работа

Објавено во: Свет 19 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп планира да го задолжи њујоршкиот милијардер Стивен А. Фајнберг да спроведе голема ревизија во американските разузнавачки служби, пишува Њујорк тајмс повикувајќи се на претставници од администрацијата. Се работи за „најопасниот“ човек во тимот на Трамп за кој многумина не слушнале.

Мајкл Флин бил присилен да поднесе оставка под притисок на медиумските написи кои се темелат на податоци на американски разузнавачки агенции.

Откриено е и дека Флин спротивно на она во што ја уверувал јавноста и надредените, разговарал со рускиот амбасадор во САД , и дека поради, како што рекол „брзиот развој на настани“ и „грешки“ тоа не им го признал на шефовите, иако тие го бранеле на цел глас. одбивајќи ги обвиненијата за постоење на „руски врски“.

Министерството за провосудство за контактите на Флин и опасноста дека би можел да биде подложен на руска уцена, Трамп го обавестил на 26 јануари, но американскиот претседател тогаш не бил подготвен да застане со него до крај, односно се додека за тоа не дознала широката американска јавност.

Потоа повторно, негирајќи ја „руската врска“ и покрај дополнителното откритие дека не се работи само за Флин, ја адресирал во прв ред, како рекол „неамериканско“ појавување на информации од разузнавачката заедница. Таа сепак истовремено спроведува истрага за обид на руско влијание на исходот на изборите, хакирање на Демократскиот национален одбор и врска на луѓето на Трамп со претставници на Москва. Дури и во средата Трамп за Флин рекол дека тој е „прекрасен човек“ кој медиумите го третирале нечесно.

Кој е Фајнберг?

Во тој хаотичен контекст, разузнавачите околу Фајнберг ги мачат две работи. Прво, тој нема искуство на разузнавачкото поле и во националната безбедност. Друго, ги интересира скриена агенда зад именување и, со оглед на тоа дека реконструкцијата на разузнавачкиот систем е малку веројатна, потенцијална намера на нивната независност.

Коосновачот на „Cerberus Capital Managementa“ е член на економскиот советодавен совет на Трамп и има блиски односи со главниот стратег на Белата куќа Стив Ненон и Џаред Кушнер, зетот и советник на Трамп.

Неговата фирма го поседува Remington Outdoor, компанија за производство на оружје, т.е „DynCorp International“ , која соработува на безбедносните работи со Стејт департментот и други владини тела, а која Џон Ф. Кели, министерот на Трамп за внатрешна безбедност го плаќала 166 000 долари годишно за советување.

Иако неговото именување не е официјално објавено, тој наводно им рекол на акционерите дека преговара за влез во администрација.

Што се крие во позадина?

Њујорк Тајмс тврди дека разузнавачката заедница се сомнева дека се работи за обид на уфрлување на Трамп верни личности во систем во кој не верува и подготовка на Фајберг со време да не преземе некоја од клучните позиции во разузнавачката заедница.

Личноста која наводно има најмногу причини за треперење е уште непотврдениот кандидат за шеф на разузнавачката заедница Дан Коутс, кој, како и веќе поставениот шеф на ЦИА Мајк Помпео, избор на републиканскиот естаблишмент, меѓу останатите потпретседателот Мајк Пенс, а не самиот Трамп.

Ни Помпео ни Коутс не го поддржале Трамп во текот на партиските избори.

Во меѓувреме се појавија написи дека разузнавачите кријат дел од чуствителни податоци од Трамп бидејќи, како пишува Волстрит џурнал, повикувајќи се на „упатени сегашни и поранешни претставници“, загрижени дека тие би можеле да бидат компромитирани или извршени.

Наводно во неколку наврати одлучиле дека нема да му ги откриваат изворите и методи на собирање информации пред се околу надзорот на странски влади. Наводно не се работи за така необична работа, но прв пат е причина за длабинско сомнение дали може воопшто да му се верува на претседателот.

Од канцеларијата на директорот на разузнавачките служби порачале дека наводите за Волстрит џурнал не се точни. Од друга страна, се зборува дека самиот Трамп ја ограничил количината на информации која сака да ја прима. На неговите дневни извештаи се потпира во мала мера од претходниците и разузнавачите дека добиле упат да го ограничат бројот на теми.

Можеби ќе ве интересира

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

ЌЕ ГИ ОГРАНИЧАТ ОДНОСИТЕ СО ПУТИН: Европскиот парламент ги прогласи изборите во Русија за нелегитимни

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

(ВИДЕО) УКРАИНКА САКАЛА ДА ГО ПРОДАДЕ СИНОТ: Со парите кои планирала да ги земе сакала да почне бизнис

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

КАН ЈУНИС: Колку тела се најдени во масовната гробница?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ЖИВЕЕ РАСКОШНО: Koj е Тимур Иванов кој е уапсен во Русија?

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД МАКРОН: Постои ризик нашата Европа да умре

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

НОВИ ПРОБЛЕМИ ЗА „БОИНГ“: ќе плати 443 милиони долари на авиокомпаниите за приземјувањето на авионите Max 9

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

Нема пасоши за Украинци кои бегаат во странство, се зголеми бројот на граничари

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек

ОВА СЕ ЧЕТИРИТЕ НАЈГОЛЕМИ УЛТРА ИНТИМНИ ВИП НАСТАНИ КАДЕ ОДАТ НАЈБОГАТИТЕ: Тука тешко е да присуствува обичен човек