20 Април, 2024
0.0255

Најстариот човек на Земјата наполни 116 години, која е тајната?

Објавено во: Стил 20 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Кјотанго е јапонскиот град во кој стогодишниците не се реткост. Најстариот човек на Земјата,Џиремон Кимура, вчера наполни 116 години, а стручњаците во Јапонија истакнуваат дека и луѓето кои живеат овде, имаат долг век.

Џиремон е роден во 1897 година и е еден од 95лица кои имаат 100 и повеќе години во градот со 60 илјади жители. Тој не пуши цигари и никогаш не се прејадува, а пие умерено количество алкохол.

Неговото мото е дека ако се јаде диетална храна, се живее долго. Истражувачите од Кјотанга сега сакаат да ја откријат тајната на долговечноста на жителите на овој град, па затоа се истражуваат навиките во исхраната, не само на Кимура, туку уште на педесетина лица кои доживеале сто години.

„Ние сме заинтересирани за тоа што го јадат и колку јадат. Посебно сме заинтересирани за истражување за тоа колку сол консумираат“, истакнуваат истражувачите.

Градот Кјотанго, покрај Кјота, се наоѓа меѓу Јапосното Море и планински синџир. Тоа е  природно богат крај со плодови од морето и земјоделски производи.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган