23 Април, 2024
0.0278

Најубавите места на светот кои може да исчезнат

Објавено во: Стил 26 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

На многу  корални гребени, глечери и острови им се заканува исчезнување во следните години. 

Овие седум прекрасни места се на пат да исчезнат:

Мртвото Море - до 2050 година

Тоа може навистина да исчезне во текот на следните 35-40 години. Во последните 4 децении 1/3 од него е целосно пресушена. Ако водите на реката Јордан продолжат да се намалуваат, Мртвото Море ќе исчезне.

Алпските глечери - до 2050 година

Алпите губат по 3% од глечерите секоја година и ако ова темпо се задржи, ледената покривка ќе исчезне по околу 35 години. Зимските центри во Алпите се исто така загрозени од климатските промени.

Шумите на островот Мадагаскар - до 2045 година

Шумските пожари и човековата активност уништија над 80% од површината на уникатните шуми на островот. Ако не се преземат итни мерки, шумите и нивниот животински свет, ќе исчезнат во наредните 30 години.

Каналите на Венеција - до 2035 година

Венеција тоне одамна, но во последните 20 години бројот на поплавите брзо се зголемува. При тоа темпо има реална опасност каналите на градот да останат под вода по 20-30 година

Ледениот врв на Килиманџаро - до 2035 година

Килиманџаро е единственото место во Африка, каде што има снег во текот на годината. Во последниот век таа е намалена за 80% и има реална опасност да исчезне за 20-25 години.

Малдиви - до 2035 година

Многу островски земји во светот се загрозени од покачувањето на океанските води. Некои од нив почнаа да купуваат земја на копно за да ги преселат жителите кога островите ќе останат под вода.

Големиот корален гребен - до 2035 година

Најголемиот коралнен гребен во светот е намален за над 50% во последните 30 години. Некои научници предвидуваат дека ако затоплувањето и оксидацијата на водата продолжат, коралите ќе исчезнат наскоро.

Бугарија

Убавините на Бугарија не исчезнуваат со такви брзо темпо, но секој знае колку лесно се нанесува штета на природата, особено кога парите се главен фактор. Најбрзо сепак исчезнува населението кое е намалено со 2 милиони за 26 години. Ако овој тренд продолжи во 2050 година во Бугарија ќе живеат околу 5 милиони луѓе, а во 2134-та Бугарите ќе се исчезнати.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган