Добивај вести на Viber
Буџетскиот дефицит на Франција во 2012 година е намален од 5,3 на 4,8 отсто од БДП наместо планираните 4,5 отсто, соопшти Заводот за статистика во Франција. Француската влада во согласност со договорот со европските партнери, се заложи 2012 година да ја сведе на буџетски дефицит на 4,5 отсто од БДП, но тоа не и појде од рака. Јавниот долг на Франција продолжи да расте лани до рекордни 1.833,8 милијарди евра, што изнесува 90,2 отсто од БДП, додека владата предвиде 89,9 отсто. Во 2011 година јавниот долг на Франција изнесувал 85,8 отсто од БДП, а дефицитот 5,3 наместо планираните 5,2 отсто.