25 Април, 2024
0.0307

Намален извозот на српското овошје во Русија

Објавено во: Агробизнис, Балкан 07 Октомври, 2012

Добивај вести на Viber

Србија не може да ги задоволи количествата за извоз на овошје на  рускиот пазар. Во време кога побарувачката на руските трговци расте, поради неповолните временски услови, српските извозници на овошје,  стравуваат дека нема да  можат во целост да ги задоволат потребите за извоз. Земјоделците повеќе се жалат на доцните пролетни мразеви отколку на сушата, поради што родот на есенското овошје е преполовен. Најголеми се штетите кај јаболките, кои пак се најбарани на рускиот пазар. Ова дополнително ќе ги зголеми откупните цени, поради што српските овоштари стравуваат дека нема да можат да и конкурираат на Полска, која секогаш одела со пониски цени. Според податоците на здружението “Плодовите на Србија”, во септември минатата година, на руските пазари се извезле 12.500 тони јаболка. Оваа година истиот период 40 отсто помалку. Од ланскиот извоз на јаболка во државната каса влегле 80 милиони евра. Освен овошјето, руските трговци се заинтересирани и за српските сточарски производи. Во моментов Србија веќе извезува свинско месо во Русија, а наскоро ќе започне и со извоз на јунешко месо.Пред четери години извозот на српска храна на руските пазари тежел 35 милиони долари, а минатата година 150 милиони долари. Српските компании имаат лиценца за извоз во Руската федерација, па така во следниот период се очекува и проширување на извозничката листа.

Можеби ќе ве интересира

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

ДОЖДОТ Е ПОВЕЌЕ ОД ДОБРЕДОЈДЕН: Сепак температурните шокови можат да направат проблеми на земјоделските насади

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари

СТОЧАРИТЕ НУДАТ ПЛАТА ОД 1.000 ЕВРА: Албанија е последната станица за наоѓање овчари