Намален јавниот долг, еве колку должи државата
Објавено во: Економија 31 Јули, 2017
Јавниот долг на државата на 30-ти јуни 2017 година е намален за 0,3%, односно изнесува 4 милијарди 708 милиони евра.
Сега јавниот долг е еднаков на 46,1% од БДП.
Oва е според последните податоци на Министерството за финансии.
За разлика од претходниот квартал, јавниот долг е намален за 31,4 милиони евра.
„Министерството за финансии има политика за активно управување со јавниот долг со цел финансирање на потребите на државата со најниски трошоци, односно по најниска каматна стапка“ - велат од ресорното министерство.
Министерството за финансии неодамна го објави и скриениот долг на државата, кој заклучно со 31 мај изнесува 363 милиони евра, но додаваат дека по објавувањето на доспеаните, а неплатени обврски од страна на државните институции стигнале дополнителни информации од дел од институциите кои ги немале доставено и долгот изнесува 364 милиони евра.