25 Април, 2024
0.0270

Намален надоместокот во УНИБанка за одобрување на ненаменски потрошувачки кредит

Објавено во: Мои пари 04 Април, 2013

Добивај вести на Viber

Од 1-ви април УНИБанка АД Скопје го намали еднократниот надоместок за одобрување на 1,25% за програмата на кредитни продукти наменети за граѓаните. Износот за овој кредит се движи до 900.000 денари, со каматна стапка 7,9% на годишно ниво и рок на отплата до 10 години. Наменет е за вработените во јавна администрација и акционерски друштва кои ја примаат платата во УНИ Банка, нудејќи им можност за рефинансирање на постоечките обврски по кредити и кредитни картички, како и за подмирување на нивните тековни секојдневни потреби. За оние кои земаат плата преку друга банка каматната стапка за кредитот изнесува 9,9%, со можност за нејзино намалување по преносот на плата во УНИБанка. Банката овозможува и кредит без жиранти за износи до 300.000 денари и рок на отплата до 5 години, при тоа разгледувајќи го секое барање од клиентите во рок до 3 работни дена. -Постојано работиме на збогатување на палетата од кредитни продукти и услуги, а со посебно внимание ги следиме и ги приспособуваме постојните продукти тргнувајќи од моменталната побарувачка и финансиските можности на граѓаните. Ненаменскиот потрошувачки кредит со атрактивна каматна стапка 7,9% се покажа како полн погодок на пазарот и го потврди фактот дека УНИБанка секогаш чекори заедно со потребите на своите клиенти. Сега, со дополнителното намалување на надоместокот за 50% сметаме дека уште повеќе ќе го доближиме овој продукт до нашите клиенти", изјави Александра Керметчиева, директор на Дирекцијата за кредитирање на мало во УНИБанка.

Можеби ќе ве интересира

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Во понеделник ќе се одржи второто издание на “Freelance Conference”

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Претставена најновата линија телевизори и soundbar-звучници на Samsung: Доаѓа новата ера на Samsung AI TV

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Истражување: Зошто политиката на ЕУ по прашањето на намалување на бројот на пушачи не е доволно ефикасна

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Atlantic Grupa со силен раст на приходот од продажба и на профитабилноста

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

Кентаур Импекс инвестира во нова опрема со поддршка на ЕБОР и ЕУ

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

„Тренинг за сајбер безбедност за едукатори“ - почеток на низа активности за зголемување на безбедноста на интернет

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

ОВА СЕ НАЈЧЕСТИ ИЗМАМИ ПРИ КУПУВАЊЕ ПОЛОВНИ АВТОМОБИЛИ: Еве 5 начини како да ги избегнете, обрнете посебно внимание на нив

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Саемот на книга 2024 со парична донација од секоја редовна влезница и по 100 книги за СОС Детско село и ДУЦОР Партенија Зографски

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan

Забрзување кон иднината: Македонска премиера на новиот Porsche Taycan