25 Април, 2024
0.0285

Ленин слаткоречив: Респект и до Јанкуловска и до Ставревски,па и до Владата

Објавено во: Економија 10 Јануари, 2013

Добивај вести на Viber

Нова одлука донесе Владата за намалување на цената на зелениот картон за моторите, од 90 на 30 евра, а донесе и одлука за увоз на мотори од САД. -Сите оние што гледале култуниот филм „Изи рајдер“ и сцената со чоперот, знаат дека приказната на моторџиите е приказна за слободата на движењето, големи пространства и далечни и токму во таа насока е последната владина одлука да се намали цената на зелениот картон за моторџиите од 90 евра на 30 евра за едногодишна зелена карта. На овој начин ќе им овозможиме на преку 15000 моторџии во РМ полесно да можат да патуваат надвор од границите на Македонија, а токму тоа е она што го бараат. Со ова ги исполнивме сите барања на моторџиите. Претходно овозможивме увоз на мотори од Америка и можност на пократки рокови да ги регистрираат моторите, на три месеци, шет и девет месеци што исто така е важно за да можат со помали трошоци да се движат во земјата и надвор. Очекувам дека ваквите одлуки и во иднина ќе продолжат, а ние сме отворени за сите други нивни барања што во иднина ќе дојдат, изјави Ставревски. Своето задоволство го изразија и од Федерација на моторџии. -Задовлни сме од позиција на Федерација на моторџии. Со оваа одлука на владата се удостоија и прифатија сите барања што ги имавме и ги доставивме, а беа барања од повеќе моторџии. Ние како моторџии конкретно се обративме и очекувавме од Владата одговорно да ги разгледаат и така да се произнесат, што еве ги потврди нашите очекувања со оваа одлука . Јас со еден моторџиски жаргон што ние го користиме зборот респект ќе изразам благодарност и респект на Министерот за финансии за донесената одлука за поевтин зелен картон за сите типови мотори. Респект до министерот за економија кој помогна да се донесе одлука за увоз на мотори, респект до Гордана Јанкуловска која дозволи да се регистрираат на пократок рок, респект за директорката на Паркинзи на општина Центар која овозможаи бесплатни места, и на крајот респект за премиерто Груевски кој раководи со владата и ги донесе сите овие одлуки и позитно одговори на нашите барања, изјави Ленин Јовановски. Засега во Македонија има повеќе од 15.000 регистрирани мотори, а во вкупната евиденција регистрирани се вкупно 55.490 мотори.  

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?