Наместо работници роботи - продуктивноста пораснала за 250%
Објавено во: Економија 10 Февруари, 2017
Со автоматизиран процес на работа луѓето не мораат да работат едноставни и здодевни работи, но од друга страна нив ги заменуваат роботи и тие ги губат работните места.
Малку по малку како што технологијата оди напред, се почесто работниците ќе бидат заменети со роботи.
Ова се гледа и од примерот на една кинеска компанија за производство на мобилни телефони, која откако работи со роботи има за 250% поголема продуктивност.
Тие имале 650 работици, по што бројот е сведен на 60 работници и во иднина ќе падне на 20 работници.
Бројот на мобилни кои се враќаат на поправка паднал за 80%.