24 Април, 2024
0.0298

Наместо во Берлин, бизнисот го развила во Белград

Објавено во: Економија 10 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Родена во Германија се навикнала на ред и дисциплина. 

По 25 години живот во оваа земја, Сабина Гавриловиќ во 90-тите години за време на санкциите се вратила во Белград и почнала бизнис. 

Сосема нелогично и невообичаено, но таа успеала. 

„Денес кога ќе си го вратам филмот назад, сосема случајно се насочив во светот на убавината. Знаев дека сакам да работам и да создавам, знаев дека ќе работам како треба или никако. Имав потреба своето слободно време, семејното искуство да го искористам на вистински начин. Се занимавав со економија, но се насочив на друго поле, на убавина. Беше потребно повторно да одам во школо, да се образувам за козметичар, естетичар, и да ги поминат сите едукации кои се предуслов за успешна работа“ - вели таа. 

Раскажува дека во тоа време имало рестрикции на струја, рафтовите во продавниците биле празни, автобусите биле стари, а контејнерите полни со смет. 

Во 2001 година Гавриловиќ отворила салон за убавина со почетен капитал од 12.500 марки. 

Раскажува дека германскиот перфекционизам го споила со српскиот дух. 

На почеток имала проблеми затоа што институциите биле неорганизирани и регистрацијата на фирмата траела со месеци. 

Труд, љубезност и квалитет се принципи по кои се раководи во работењето. 

Гавриловиќ смета дека секој кој сака има шанса да заработи, но треба да биде истраен.

Денес таа има 10 вработени девојки и простор со површина од 240 квадрати.  

Можеби ќе ве интересира

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

ПРОФИТОТ НА ТЕСЛА ПРЕПОЛОВЕН: компанијата ја губи трката од кинеските конкуренти

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

СВЕТСКИ ПОЗНАТА КОМПАНИЈА ТУЖИ АМЕРИКАНСКИ „ЏИН“: Им го украдоа заштитниот знак на моделите на спортска облека

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

„ПРИЛЕПСКА ПИВАРНИЦА“ ЌЕ ДЕЛИ ДИВИДЕНДА ОД ВКУПНО 714 ИЛЈАДИ ЕВРА - од пиво добро се живее во Македонија

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ДОПРВА ЌЕ ГО БАРААТ И ЌЕ ПОСКАПУВА: Бакарот урива рекорди

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

ЕВЕ КАКОВ РАБОТОДАВАЧ Е „ЛИДЛ“: Искуствата на вработените кажуваат сѐ

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

КОИ ЕВРОПСКИ ЗЕМЈИ ОБЕЗБЕДИЈА НАЈМНОГУ ИКТ УСЛУГИ? – еве каде е забележан најголем раст

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПЛАТИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во која бранша заработуваат најмногу?

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

ПОТРЕБНИ СЕ ПОВЕЌЕ ПАРИ ЗА ЖИВОТ: Минималната кошничка за април достигна 1.000 евра

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?

НЕИЗВЕСНО: Дали ќе поскапи лебот?