25 Април, 2024
0.0266

НАМИБИЈА: Земја со чудни професии, а еве и зошто

Објавено во: Стил 16 Февруари, 2018

Добивај вести на Viber

Сенка и Мајда Пазман, 32 годишни близначки од Сомбор поради својата љубов кон коњите и сплет на околности се нашле во една од најголемите пустини во светот. 

Пред две години во Германија на автобуска станица нашле оглас во кој пишува дека се бараат тренери за коњи за во Африка. 

Се пријавиле кон крајот на 2015 година, а идната година веќе биле во Намибија. 

„Се наоѓаме во пустина, на 500 км од главниот град и воопшто од цивилизација. Намибија е втора најретко населена земја во светот, со население од 2.2 милиони од кои над 30% се невработени“ - раскажуваат девојките. 

Германскиот јазик го зачувале како мајчин. Туризмот, фармите, рудниците ги управуваат Европјани и тие ја раздвижуваат економијата. 

„Лесно е да се најде работа затоа што побарувачката за добар работник е неверојатна“- додаваат девојките од Србија. 

Објаснуваат дека ситуацијата е таква затоа што населението во Намибија не е многу образовано, а и нема развиени работни навики. 

Овие две девојки сакаат и натаму да останат во Намибија, иако велат дека нема ножен живот, нема културни настани, а и стапката на криминал не е на ниво кое може да се занемари. 

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти