НАПАД ВО ЕГИПЕТ: Мета се Коптите, има мртви и ранети
Објавено во: Свет 26 Мај, 2017
23 православни христијани се убиени, а 25 се ранети во вооружен напад на Коптите во Египет.
Нападот се случил во градот Мињи, југоисточно од Каиро.
Вооружен маж пукал во автобус во кој се возеле Коптите.
Тие се возеле кон храмот Анба Самуел кој се наоѓа во населба.
Гувернерот Есам Ал Бедајви ја потврди веста за нападот.